Дневникот на една зграда: GA08, Аеродром

GA_08_naslovna_02 (1)

Општи податоци

Адреса: Ул. „Методија Шаторов – Шарло“ бр. 17

Број на влезови: 2

Катност: Приземје + 9 + поткровје

Избор на површина на станови: 38m², 42m², 43m², 46m², 52m², 55m², 57m², 59m², 72m².

Со цел да Ви го направиме попрегледен и подподостапен процесот на изградба, за Вас го создадовме овој “Дневник” кој низ видеа и фотографии ќе Ве води низ најновите информации за проектот секоја недела.

Преглед на понудата може да погледнете тука.

25.09.2019

11.09.2019

Се финишираат работите на објектот GА08. Во првиот влез започнавме со правење записници во станови. Во двата влеза се поставува мермер околу лифтовите.Се уредува дворот од западната страна пред влезовите. Се прави припрема за приклучок од страна на ЕВН.

03.09.2019

Објектот GA08 е во завршна фаза. Во првиот влез е завршено со фино чистење, а започнавме со чистење и на долните катови во вториот влез. Комплетирано е и поставувањето на таркет во станови, а во моментов се комплетира скалишниот простор со гранит. Во надворешниот дел се доработува и поставувањето на штампан бетон.

27.08.2019

Работите на објектот полека се комплетираат. Во дворот започнавме со изработка на штампан бетон. Во првиот влез се отпочна со финално чистење на становите од страна на агенција. Во вториот влез се работи на неколку позиции. Се поставува мермер по скалите, а пак до 6ти кат се монтирани собни врати. На 9ти кат се работи на поставување на таркет, исто така и на монтирање на галантерија во купатила. Во подрумските простории на ниво минус 1 се обележуваат зебри.

17.07.2019

05.07.2019

Работите на објектот се одвиваат со супер темпо. Објектот го доби финалниот надворешен изглед, останува да се демонтира фасадното скеле. Во првиот влез од приземје до 4 кат се работи на поставување на стански табли за висока и ниска струја, исто така се работи на комплетирање на санитарија со поставување на болјери во купатила. Со поставување на таркет сме на 6 кат, додека пак со молерските работи сме на 7 кат. Во вториот влез започнавме со поставување на санитарија во купатила. Собните врати се наместени до 4 кат, додека пак со монтажа на плочки работима на 5, 6 и 7 кат.

25.06.2019

На објектот во моментов се работи на неколку позиции во првиот влез. На првиот кат започнавме со финално молерисување на становите. На 4 кат се поставуваат паркет лајсни, додека на 5 кат се монтира трослоен таркет. На 7 кат се поставува хантер даглас во купатила, а пак на 9 и 10 кат се работи на поставување на плочки во кујни и купатила. На источната страна од објектот започнавме со демонтажа на фасадното скеле.

19.06.2019

11.06.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. На западната фасада се нанесува подлога за абриб и се работи на нанесување на абриб. Во првиот влез започнавме со монтажа на санитарија и моментално се работи на 2 и 3 кат, каде и се поставуваат паркет лајсни. До 10 кат се комплетираат блиндор вратите со надворешни панели и со кваки. До 4 кат се монтирани внатрешните врати во станови. Со поставување на плочки сме до 9 кат. Во вториот влез на 3 кат се работи на поставување таркет, додека на 5 и 6 кат се поставува цементна кошулица во станови и ходници.

06.06.2019

Во првиот влез до 4 кат работиме на неколку позиции, се поставуваат внатрешни врати, се местат радијатори и паркет лајсни во станови. На 6, 7 и 8 кат се работи на поставување на плочки по станови. Се комплетираат блиндор вратите, а во целиот влез се поставени и против пожарните врати. Во вториот влез со поставување на паркет сме на 1 кат, додека на 3 кат се молерисуваат столбови и греди. На 10 кат се монтираат водомоерите.

28.05.2019

21.05.2019

На објектот во моментов се работи на неколку позиции. Во првиот влез на прв кат се работи на поставување на таркет во станови, на 4 кат се молерисуваат со прва рака, а пак на 6 кат се местат плочки во станови. На 9 кат се монтираат гипсани облоги во ходници. Во вториот влез на 2 кат се молерисуваат становите со прва рака, а пак на 3 и 4 кат се поставуваат плочки. На 5 кат се работи на спроведување на довод на вода, додека на 8 кат со машински малтер МП 75 се малтерисуваат становите. На источната фасада започнавме со нанесување на абриб.

15.05.2019

07.05.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез на приземје и прв кат се прави припрема за втора рака молерисување на тавани и греди. До 4 кат е комплетирано поставувањето на хантер даглас во купатила, додека до 7 кат е направена цементна кошулица во станови и ходници. Со поставуање на гипсани облоги во станови сме до 9 кат, а пак на 10 кат се работи на инсталација за довод на вода во станови. Во вториот влез на 2 и 3 кат се работи на поставување на плочки во станови, додека на 5 кат се малтерисуваат ѕидови со машински малтер МП75. Балконите на јужната фасада од објектот се обработени со абриб.

18.04.2019

Работиме на неколку позиции, во моментов со мрежа и лепак се обработуваат балконите на западната фасада. Во првиот влез започнавме со шмирглање и припрема за молерисување на станови на приземје и 1 кат. Поставувањето на плочки е комплетирано до 4 кат, а пак на 6 кат се поставува цементна кошулица во станови и ходници. На 8 кат се поставуваат гипсани облоги, се работи на довод на вода и изработка на парно по станови, додека на 9 кат со машински малтер МП 75 се малтерисуваат станови. Во вториот влез започнавме со монтирање на плочки на приземје, а пак на 3 кат се поставуваат гипсани облоги во станови и ходници.

02.04.2019

На објектот во моментов се работи на неколку позиции. На јужната фасада се нанесува втора рака на лепак. Во подрумот на ниво минус еден се обработуваат тавани и ѕидови. Во првиот влез се работи на поставување на плочки на 3 и 4 кат, додека на 5 кат се прават гипсани облоги во станови. На 7 кат со машински малтер МП 75 се малтерисуваат становите. Во вториот влез на приземје се поставуваат гипсани облоги, додека цементната кошулица е комплетирана до 2 кат и наместени се блиндор врати до 2 кат.

28.03.2019

19.03.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во подрумските простории на ниво минус 2 започнавме со обележување на зебрите за паркинг. Во првиот влез на приземје, прв и втор кат се работи на поставување на плочки во станови, додека пак на 5 кат се малтерисуваат становите со МP75. Во вториот влез на приземје и прв кат се прават припреми за поставување на гипсани облоги во станови. На 2 кат се пушта инсталација за парно од ормари до радиатори, а пак на 4 кат се изработува инсталација за довод на вода во станови и се прави припрема за испитување.

14.03.2019

05.03.2019

На објектот во моментов се работи на неколку позиции. На западната фасада се лепи графитен стиропор, а во дворот се шелува и бетонира ѕидот на коса рампа за автомобили. Во првиот влез на приземје се комплетираат гипсаните облоги во станови и купатило и се изработува термо изолација на цевки од парно во ходници. На третиот кат се работи на поставување на цементна кошулица. Во вториот влез со изработка на инсталација за довод на вода во станови сме до втор кат, додека пак со машинско малтерисување на станови сме до 3 кат.

28.02.2019

19.02.2019

На објектот работиме со супер темпо, северната фасада од објектот се обработува со мреза и лепак, додека пак во дворот се изработува темел за ограден ѕид. Во подрум на ниво минус 1 се обработуваат тавани и ѕидови. Во прв влез е комплетирана и испитана инсталацијата за довод на вода до 4-ти кат. На прв и втор кат се работи на спроведување на инсталација Rehau по под за парно во станови. На приземје и прв кат се поставува конструкција за облоги од гипс картон. До 4-ти кат е комплетирано машинското малтерисување на станови со Knauf MP 75. Во втор влез се монтираат вградени казанчиња во купатила на приземје, а пак со машинско малтерисување во станови сме до 1-ви кат.

05.02.2019

На објектот во моментов се работи на неколку позиции. Монтажа на фасадно скеле на западна страна, додека на северната страна се лепи графитен стиропор. Обработка на шпалетни околу прозори со мрежа и лепак на источна фасада влез 1. Во прв влез на третиот кат се малтерисува со машински малтер MP75, исто така се работи на инсталација за довод на вода на втори и трети кат. На четвртиот кат се монтираат ормари за парно во ходник. Со исполна на греди и столбови работиме на шести и седми кат. Започнавме и со обработка на лифтовското окно. Во вториот влез со исполна на греди и столбови сме на петти и шести кат, а го завршивме ѕидањето на порталите од лифтот.

31.01.2019

23.01.2019

На 10 кат се работи на внатрешната ѕидарија со термо блок Nexxe. Во првиот влез на прв кат се работи на полнење на греди, додека на третиот кат се малтерисуваат ѕидовите во становите со KNAUF MP 75. На 5 и 6 кат се прави припрема и се пушта инсталација на кабли по станови. Во вториот влез на третиот кат се работи на исполна на греди, а пак на 7 и 8 кат се монтираат прозори Rehau.

16.01.2019

Во моментов на објектот работиме колку што ни дозволуваат временските услови. Во првиот влез на приземје се поставуваат казанчињата во тоалетите, додека на 3 кат се работи на одвод. На ниво минус еден во подрумските простории се глетуваат таваните.

27.12.2018

Во првиот влез се работи на неколку позиции, на третиот кат се малтерисуваат ѕидови во станови со Knauf MP 75. Со изработка на инсталација за одвод во купатила сме дојдени до 4 кат. Во моментов на 6 кат се обработуваат таваните во становите, додека на 7 кат се монтираат рамките за прозори. Во вториот влез на првиот кат се работи на исполна греди и столбови со Knauf MP 75, а пак на 3 кат на каблирање во станови. На 9 кат се работи на внатрешната ѕидарија.

18.12.2018

Во првиот влез се работи на неколку позиции, на приземје и први кат се малтерисуваат со цементен малтер кујните и купатилата, исто така на први кат становите се малтерисуваат со машински малтер МП 75. Со монтирање на ормари за вода во ходници сме до 4 кат. Во вториот влез на 2 кат се спроведува довод на вода, додека на 6 кат се премачкуваат ѕидовите со контакт бетон. Со монтажа на рамки за прозори сме на 5 кат, а со внатрешната зидарија дојдовме на 8 кат.

05.12.2018

27.11.2018

Лепење графитен стиропор на источната страна од објектот. Се работи на внатрешна ѕидарија на 6 кат. Во двата влеза се прават дупки за одвод во купатило. Започнавме со поставување на крила за прозори.

20.11.2018

Се ѕидаат надворешните ѕидови на 5-ти кат, а на 3-ти кат ги местиме лајсните на столбовите и гредите. На прв кат во тек е сечење и припрема за поставување кабли.

На источната страна се поставува графитен стиропор.

09.11.2018

Се монтираат рамки за прозорци од реномираниот производител Rehau. Се лепи графитен стиропор на надворешните ѕидови. При крај сме со ѕидање на внатрешните ѕидови на 3-ти кат, наскоро започнуваме со работа на 4-ти кат.

03.11.2018

19.10.2018

Се ѕидаат надворешните ѕидови со Nexe термо блок на 8-ми кат, а на приземје во бањите се прават дупки за развод на одводите.

04.10.2018

27.09.2018

Продолжуваме со поставување на скеле околу објектот за изработување на фасадата. Со внатрешната ѕидарија го завршуваме 1-от кат и продолжуваме со ѕидање на надворешните ѕидови на 5-ти кат. Се уште се работи на кровната конструкција

21.09.2018

Се ѕидаат внатрешните ѕидови на 1-ви кат. Ја изработуваме кровната конструкција, а се работи и на монтажа на скеле за фасада.

12.09.2018

Ја комплетиравме надворешната ѕидарија до 4-ти кат и започнавме со работа на внатрешната ѕидарија на приземје со термо блокот „Нексе“. Се работи на припрема за бетонирање на кровната плоча.

05.09.2018

Во моментов работиме на неколку позиции, на 4 кат се работи на надворешната ѕидарија, додека во тек е и полнење со бетон на столбовите кон кровната плоча. Наскоро ќе започнеме и со внатрешна ѕидарија со термо блок „Нексе“.

31.08.2018

Оваа недела во тек е шелување на плочата кон 10-ти кат. Започнавме со надворешната ѕидарија на 4-ти кат. Се спроведува инсталацијата за парно.

23.08.2018

Во тек е припрема за бетонска плоча на 9-ти кат. Со Nexe термо блокови се ѕидаат надворешните ѕидови на 3-ти кат.

17.08.2018

25.07.2018

Во тек се подготовки за бетонирање на плочата за 7-ми кат. Ова се најновите фотографии од оваа недела:

17.07.2018

Oваа недела ја подготвуваме за бетонирање плочата за 6-ти кат

11.07.2018

03.07.2018

Работите се одвиваат по посакуваното темпо, во моментов се работи на шелување на столбови и ѕидни платна за плоча кон четврти кат.

26.06.2018

Во тек е шелување на столбови и ѕидни платна за плоча за вториот кат.

20.06.2018

Оваа недела ја бетонираме плочата за првиот кат! Продолжуваме со исто темпо нагоре!

15.06.2018

06.06.2018

Во тек е армирање и шелување на плоча на ниво 0 и ниво 0,7.

30.05.2018

Во моментов се работи на шелување, армирање и бетонирање на столбови и на ѕидни платна.

23.05.2018

Оваа недела ја бетонираме плочата на ниво -1, продолжуваме понатаму!

17.05.2018

Во тек е шелување и армирање на бетонската плоча на ниво -1, одиме нагоре!

08.05.2018

Се подготвуваме за поставување плоча на ниво -1.

03.05.2018

Се работи на поставување на ѕидни платна на објектот.

25.04.2018

Активно работиме на поставување темелни греди и темелни стопи.

20.04.2018

Ги поставуваме темелите на новиот објект! Наскоро, на оваа локација ќе се издигне нова убавица од Golden Art низата, со истите стандарди и истата грижа за секој милиметар од просторот како и досега. Бидејќи заслужувате дом. Не само стан.

12.04.2018

Започнавме со ископување на просторот за новиот станбен објект GA08.