Дневникот на една зграда – GA06, Аеродром

gradnja_v-01

Започнуваме ново поглавје во изградбата на домови! Објектот GA06 е нов во понудата во населба Аеродром, со избор на станови и локација кои ќе ги задоволат желбите и на најпребирливите.

Општи податоци

Адреса: Ул. Руди Чајевац бр. 45 и 47

Број на влезови: 2

Катови: Приземје + 9 + поткровје

Избор на површина на станови: 38-83m²

Со цел да Ви го направиме попрегледен и подподостапен процесот на изградба, за Вас го создадовме овој “Дневник” кој низ видеа и фотографии ќе Ве води низ најновите информации за проектот секоја недела.

Преглед на понудата може да погледнете тука.

29.06.2018

Добредојдовте дома! Денот кој сите го очекувавме со нетрпение! GA06 ги отвори вратите за новите сопственици на станови. Целата галерија погледнете ја тука.

 

14.06.2018

Првиот влез е комплетно подготвен, во тек е финално молерисување на ходниците пред становите. Во вториот влез ги монтираме собните врати на деветти кат. На ниво -1 се финализира спроведувањето на вентилациони канали кон надвор, а на ниво -2 започнавме со сообраќајно обележување.

Ga06 (1)

 

06.06.2018

Во тек е застаклувањето на излозите на приземје. Ја монтираме оградата околу целиот објект. Го чистиме дворот и се подготвуваме за поставување штампан бетон пред влезовите. Во вториот влез во тек е монтажа на елементи за лифтови. Се лепи мермер на порталите од лифтовите на шести и седми кат, а потполно е комплетирано поставувањето паркет. Веќе започнавме со чистење на становите од првиот кат.

30.05.2018

Во моментов се работи на поставување на штампан бетон на југозападната страна од објектот. Првиот влез е комплетиран, во тек е чистење на последниот, односно 10 кат. Во втор влез се работи на поставување на собни врати на 6 кат, додека пак со поставувањето на паркет сме до 9 и 10 кат. Во тек е поставување и испитување на санитарија исто така на 9 и 10 кат, а започнавме и со монтирање на вратите од лифтовите.

23.05.2016

Влез 1: Поставен е мермер околу сите лифтови. Во тек е лепење гранит во влезовите, како и финално чистење на становите.

Влез 2: Се монтираат главни осигурувачи на броилата. Трослоен, дабов паркет е поставен до седми кат. Се местат собни врати на вториот и третиот кат. Санитаријата е комплетирана до осми кат. Во тек е завршно фугирање на плочки на деветтиот и десеттиот кат.

16.05.2018

Влез 1: Започнавме со чистење на становите во првиот влез. Се работи на лифтовското окно и се монтираат вратите од лифтовите. На петти кат се поставува мермер околу лифтовите. Во дел од становите во тек е завршното молерисување, а на десетти кат ги комплетираме собните врати и первазите.
Влез 2: Се лепат плочки на деветти и десетти кат. Поставуваме паркет на вториот, третиот и четвртиот кат. Во тек е молерисување прва рака на шести кат. Ги монтираме стаклените паравани на туш-кабините на шести кат.

На приземје во тек е монтажа на излозите за деловен простор на јужната и северната страна.

09.05.2018

Во тек е довод на кабли од становите до главното броило. На првиот кат поставуваме трослоен дабов паркет, на вториот сме при крај со молерисување на плафоните и гредите, на третиот кат во тек е монтажа на санитаријата, а на осми, деветти и десетти кат се лепат плочки.

На јужната страна во тек се подготовки на полињата за штампан бетон. Веќе се спроведени главните доводни кабли од трафостаницата до броилото. Во подрумите се поставуваат светилки, а на ниво -1 се монтираат лимени вентилациони канали.

 

03.05.2018

Во првиот влез со поставувањето на собни врати дојдовме до 7-ми кат, додека со монтирањето на паркетот сме до 9-тиот кат. Во вториот влез на 9-ти кат се работи на поставување на плочки, а комплетирани се блиндор вратите од становите, како и поставувањето на мермер по скалите. Во моментов се работи на приклучок на главна инсталација за вода во главна шахта. Фасадата на целиот објект е комплетирана.

25.04.2018

Во моментов се изработува штампан бетон на источната страна пред објектот. Во првиот влез: се поставуваат собни врати на 3 кат, со монтирањето на паркет сме стигнати до 5. кат, додека пак со монтажа на радијатори сме до 3 кат. Во вториот влез: се работи на поставување на мермер на скали во ходници на 4 кат. Се поставуваат плочки на 8 кат, а напоредно се работи на поставување на блиндор врати од станови и против пожарни врати во ходници.

20.04.2018

Се обработуваат таваните и ѕидовите во подрум на ниво минус 1, додека на минус 2 се поставуваат вентилационите канали. Во прв влез: се поставува паркет на 2 и 3 кат, собни врати се поставуваат на 1 кат. До 5 кат е наместена галантерија на штекери. Започнавме со поставување на регистри радијатори во станови. На приземје се работи на струјомери. Во втор влез се поставуваат плочки на 5, 6 и 7 кат. Се монтираат огради на балкони на јужна и источна страна. Монтажа на хантер даглас и санитарија на 2 кат.

12.04.2018

Се монтираат огради на балкони на источна и северна страна, во подрумските простории на ниво минус 2 се отпочна со монтажа на лимени вентилациони канали и обележување на зебра по зидовите исто така се работи и на поврзување на топлотни елементи во подстаница. Се обработува плочата во двор на источна страна со кондор хидроизолација и се прави припрема за штампан бетон. Во прв влез: Се комплетира поставување на гранит по скали, се монтираат спратни против пожарни врати, се обработува лифтовското окно и се работи на поставување на галантерија – штекери, вентилатори и плафоњерки во станови. Во втор влез: Шмирглање на зидови пред молерисување на 7 кат, лепење на плочки на 3 и 4 кат и во моментов се работи на поврзување на електрика и испитување во дозни на 5 кат.

29.03.2018

Во моментов на објектот се работи на повеќе позиции. Во подрумските простории се молерисуваат таваните и ѕидовите и се работи на инсталација во топлотната подстаница за парно. Се демонтира скелето од северната фасада, а во моментов се нанесува завршен слој на абриб на западната страна. Во прв влез: Комплетирање на поставување на плочки на 9 и 10 кат. Изглетувани со втора рака таваните, додека ѕидовите се завршени со прва рака. Се поставува санитарија на 4 и 5 кат, а во целиот влез се поставени блиндор врати од станови. Во втор влез: Глетовање на ѕидови прва рака на 10 кат. Се работи на поставување плочки на 2, 3 и 4 кат. Започнавме со поставување на блиндор врати на прв кат.

14.03.2018

На источната страна на зградата завршена е фасадата, а во моментов се работи на нанесување на завршен слој на абриб на северната страна. Се поставуваат парапетни даски на прозори од страна на фасада и окапници на парапети од балкони .Во првиот влез продолжуваме со поставување на плочки во станови и ходници, започнавме со поставување на стаклени паравани во купатило на 1 и 2 кат. Со поставување на хантер даглас сме еден кат погоре, односно на 6 кат. Отпочнуваме со монтажа на блиндор врати од станови. Во вториот влез се глетуваат ѕидови од 2 до 5 кат.

09.03.2018

Во моментов на објектот се испитува инсталацијата за парно во подрумските простории каде што е во тек  лепење на стиропол на плафон под становите и локали. Во првиот влез се работи на лепење плочки на 7, 8, 9 и 10 кат, се глетуваат тавани и греди на 1 кат и се поставува хантер даглас во купатила на 5 кат. Во вториот влез со лепење плочки сме на 1 кат, со глетување на тавани, греди и ѕидови сме на 4 кат. Нанесување на завршен слој абриб на фасада на делови на источна и на балконите на северната страна.

21.02.2018

Со забрзано темпо се работи на неколку фази на објектот. Јужната фасада е комплетирана со нанесување на абриб, во моментов се работи на источната страна. Во првиот влез се работи на поставување на плочки во станови до 6 кат. Во вториот влез се работи на поставување на гипсани облоги во ходници и станови до 5 кат.

15.02.2018

Во моментов работиме на нанесување на завршен слој на абриб на јужната фасада. Во влез 1 се поставуваат плочки во станови од 1-ви до 5-ти кат. На 8-ми кат се поставуваат гипсани облоги во ходници, додека на 9-тиот кат се работи на обработка на греди и столбови со мп 75. Во влез 2 се поставува цементна кошолица на 7-ми кат. Се поставуваат гипсани облоги во ходници на 4 кат, додека на 2 кат се глетуваат таваните и ѕидовите.

08.02.2018

На објектот се работи на неколку позиции. Во вториот влез се испитува притисок на водата, се започна со поставување на гипсани облоги во ходниците на 1 кат, а на 4 кат се поставува кошулица во становите. Во првиот влез започнавме со поставување на плочки во кујни и купатила и се работи на спроведување на доводни кабли за струја до станови.

24.01.2018

Во првиот влез комплетирано е поставувањето на кошулица на сите катови, а во моментов се работи на припрема за монтирање на гипсени Knauf облоги во ходниците на прв кат. Во втор влез се работи на исполнување на греди и столбови со машински малтер Knauf MP75 на 5 кат, додека пак на 7. кат се поставува развод за вода и се монтираат вградени казанчиња.

18.01.2018

Целиот објект е излепен со фасаден стиропол и рабис мрежа. Во моментов во првиот влез се работи на неколку позиции, се поставува кошулица на последниот кат и се местат лајсни на греди на 7. кат. Во вториот влез се работи на развод на вода на исто така на 7 кат.

25.10.2017

Ја тестираме мрежата за инсталација на парно.
Влез 1: се поставуваат гипсени облоги од типот Knauf Diamant во становите на трети кат и Rehau систем за вода во бањите на четврти кат.
Влез 2: Во тек е монтажа на одводен систем на петти кат.

15.10.2017

Започнавме со поставување на гипсени облоги во становите на прв и втор кат. Се спроведуваат цевки за вода до ормарите за водомери на четвртиот кат.

18.10.2017

Започнавме со лепење стиропор на терасите. Се местат лајсни на греди и столбови на третиот кат. Во тек е и бушење дупки за довод и одвод на вода.

29.07.2017

Се ѕидaат внатрешните ѕидови во објектот со Nexe термо блокови, а се поставуваат и прозорци од брендот Rehau.

13.07.2017

Започнавме со поставување на трослојни, четирисезонски Geneo прозорци со шест комори од реномираната компанија Rehau. Овој тип на прозорци, освен што обезбедува намалена потрошувачка за греење и ладење дури до 76%, ја намалуваат надворешната бучава до 24 пати, за мир во Вашиот нов дом. Од останатите активности, се прават дупки за довод и одвод на вода, а при крај е внатрешната ѕидарија на осмиот кат.

03.07.2017

Се прават дупки за одвод на четврти кат. Се работи на внатрешна ѕидарија на шестиот кат.

20.06.2017

Комплетирана е внатрешната ѕидарија на четврти кат со термоблок Nexe, од денес започнуваме со петтиот кат.

31.05.2017

Се работи на внатрешна ѕидарија на трети кат. Продолжуваме понатаму!

23.05.2017

Во тек е ѕидање на внатрешните ѕидови на вториот кат.

18.05.2017

При крај е внатрешната ѕидарија со Nexe термо блокови  на првиот кат, продолжуваме нагоре.

11.05.2017

04.05.2017

Завршуваме со ѕидање на надворешните ѕидови, во моментов се работи на десетти кат.

29.04.2017

Се ѕидаат вентилациони столбови на четврти кат. Надворешните ѕидови на осми кат се ѕидаат со Nexe термоблокови – градбени блокови кои обезбедуваат подобра термо и звучна изолација од обичните градбени блокови.

20.04.2017

Се работи на поставување покрив на зградата. Надворешната ѕидарија е до седми кат, додека со ѕидање на вентилационите столбови сме до втор кат.

13.04.2017

07.04.2017

Во тек е ѕидање на фасада на четврти кат, а се работи и на поставување плоча за поткровјето.

30.03.2017

Во тек е бетонирање на плочата на 9ти кат. Започнавме со ѕидање со Nexe термо блокови, блокови кои се различни од обичната цигла и кои обезбедуваат одлична термо и звучна изолација, а во комбинација со останатите елементи од Golden Art системот за градба, создаваат дом кој припаѓа на А-класата за енергетска ефикасност.

21.03.2017

17.03.2017

Во тек е поставување на плоча кон седми кат. Подолжуваме и понатаму со исто темпо!

09.03.2017

Одиме нагоре! Изградбата продолжува по сите стандарди воспоставени со Golden Art системот за градба, принцип на изградба при кој се користат само првокласните материјали од врвни производители како што се Baumit, Kema, Rehau, Nexe, Metron, TKK, Ideal Standard и многу други. Оваа недела се поставува плочата од четврти кон петти кат.

23.02.2017

Се поставува армирано-бетонска плоча и столбови за втор кат.

6.02.2017

Во тек е поставување на греди и армирано-бетонска плоча на ниво -1:

 

16.02.2017