Започнуваме ново поглавје во изградбата на домови! Објектот GA06 е нов во понудата во населба Аеродром, со избор на станови и локација кои ќе ги задоволат желбите и на најпребирливите.
Општи податоци
Адреса: Ул. Руди Чајевац бр. 45 и 47
Број на влезови: 2
Катови: Приземје + 9 + поткровје
Избор на површина на станови: 38-83m²
Со цел да Ви го направиме попрегледен и подподостапен процесот на изградба, за Вас го создадовме овој “Дневник” кој низ видеа и фотографии ќе Ве води низ најновите информации за проектот секоја недела.
Преглед на понудата може да погледнете тука.
29.07.2017
Се ѕидaат внатрешните ѕидови во објектот со Nexe термо блокови, а се поставуваат и прозорци од брендот Rehau.
13.07.2017
Започнавме со поставување на трослојни, четирисезонски Geneo прозорци со шест комори од реномираната компанија Rehau. Овој тип на прозорци, освен што обезбедува намалена потрошувачка за греење и ладење дури до 76%, ја намалуваат надворешната бучава до 24 пати, за мир во Вашиот нов дом. Од останатите активности, се прават дупки за довод и одвод на вода, а при крај е внатрешната ѕидарија на осмиот кат.
03.07.2017
Се прават дупки за одвод на четврти кат. Се работи на внатрешна ѕидарија на шестиот кат.
20.06.2017
Комплетирана е внатрешната ѕидарија на четврти кат со термоблок Nexe, од денес започнуваме со петтиот кат.
31.05.2017
Се работи на внатрешна ѕидарија на трети кат. Продолжуваме понатаму!
23.05.2017
Во тек е ѕидање на внатрешните ѕидови на вториот кат.
18.05.2017
При крај е внатрешната ѕидарија со Nexe термо блокови на првиот кат, продолжуваме нагоре.
11.05.2017
04.05.2017
Завршуваме со ѕидање на надворешните ѕидови, во моментов се работи на десетти кат.
29.04.2017
Се ѕидаат вентилациони столбови на четврти кат. Надворешните ѕидови на осми кат се ѕидаат со Nexe термоблокови – градбени блокови кои обезбедуваат подобра термо и звучна изолација од обичните градбени блокови.
20.04.2017
Се работи на поставување покрив на зградата. Надворешната ѕидарија е до седми кат, додека со ѕидање на вентилационите столбови сме до втор кат.
13.04.2017
07.04.2017
Во тек е ѕидање на фасада на четврти кат, а се работи и на поставување плоча за поткровјето.
30.03.2017
Во тек е бетонирање на плочата на 9ти кат. Започнавме со ѕидање со Nexe термо блокови, блокови кои се различни од обичната цигла и кои обезбедуваат одлична термо и звучна изолација, а во комбинација со останатите елементи од Golden Art системот за градба, создаваат дом кој припаѓа на А-класата за енергетска ефикасност.
21.03.2017
17.03.2017
Во тек е поставување на плоча кон седми кат. Подолжуваме и понатаму со исто темпо!
09.03.2017
Одиме нагоре! Изградбата продолжува по сите стандарди воспоставени со Golden Art системот за градба, принцип на изградба при кој се користат само првокласните материјали од врвни производители како што се Baumit, Kema, Rehau, Nexe, Metron, TKK, Ideal Standard и многу други. Оваа недела се поставува плочата од четврти кон петти кат.
23.02.2017
Се поставува армирано-бетонска плоча и столбови за втор кат.
6.02.2017
Во тек е поставување на греди и армирано-бетонска плоча на ниво -1: