Секоја година, по долги анализи и консултации, екпертите од Пантон ја прогласуваат бојата на годината. Тоа е бојата за која предвидуваат дека ќе доминира во модниот свет, но и кај дизајнерските трендови.
2018 година ќе биде обоена виолетово или поточно во „Ultra Violet“ нијанса која ја опишуваат како драматично провокативна.
Имајќи предвид дека се работи за силна и нападна нијанса, со оваа боја е најдобро да се освежат само некои детали од вашиот дом. За оние посмелите пак, дизајнерите ширум светот веќе имаат многу примери за тоа како целосно да ве обземе модерната треска наречена – „Ultra Violet“.