Секојдневно уживаме во убавините на есента, особено во овие кратки сончеви но сепак студени денови. Есенската атмосфера надополнета со шоља топол чај или кафе во попладневните часови во нашиот дом е уживање кое не исполнува секој ден.
Минатата недела Ви претставивме интересни идеи за домашен есенски декор комбинирајќи ги есенските плодови како украсни декорации, но денеска Ви нудиме неколку идеи како преку боите на есента да го претворите домот во есенска идила.
Комбинацијата на жолта, кафена, бела, сина, портокалова и маслиново зелена му дава на Вашиот дом топлина и посебен амбиент. Енергија, разгираност и комфорт се чувствата кои Ви ги дава есенскиот декор и нема да погрешите ако одеберете било која комбинација бидејќи овие бои лесно се вклопуваат едни со други и крајниот резултат е секогаш одличен.
Низ оваа галерија од слики ќе можете да го одберете стилот кој најмногу Ви се допаѓа и да му дадете нов стил на домот.