Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот малечок, но многу голем член на семејството, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото мало царство. Доколку сè уште немате посебна просторија за вашето бебе, тогаш изборот е доста полесен, но доколку треба да уредувате цела соба… Да речеме дека е прилично лесно да се изгубите.
Затоа сме тука да Ве посоветуваме и да Ви помогнеме да останете на правиот пат кон создавање на просторија во која ќе уживате и Вие, и Вашето најмило.
Работи на кои мора да внимавате:
- Ставете затемнувач на прозорците. Било кое од решенијата на пазарот ќе бидат корисни за прилагодување на амбиентот по потреба;
- Одберете квалитетни ткаенини кои се перат во машина;
- Одберете мебел кој лесно ќе се прилагоди на преодот од детска во тинејџерска соба;
- Мислете на сигурноста во поставеноста на мебелот за кога Вашето бебе ќе почне да се движи низ собата. Добро решение е покривањето на изворите на струја, поставување на креветчето подалеку од прозорци и кабли и поставување на лесно кршливи предмети на потешко достапни места;
- Фокусирајте се на создавање ненатрупан простор со многу места за складирање кои ќе го олеснат расчистувањето;
- Ослободете доволно место на подот за игра и трчкање.
А сега, да се фатиме за работа! Ова се нашите предлози за декорирање:
Има многу нови и модерни дизајни од кои може да изберете при купувањето креветче. Пробајте нешто несекојдневно, како овална форма.
Изберете прилагодлив дизајн – од високо бебешко, до ниско креветче со ограда за кога вашето малечко ќе почне со хиперактивност. И како најважен дел од собата, внимавајте да изберете нешто квалитетно, нарачајте го порано за да имате време да ја проверите исправноста, па доколку нешто не е како што треба – не двоумете се да го замените.
2. Сивата е нова жолта
Ако сепак одлучивте да не го откривате полот на бебето, одете со безвременската и модерна сива како главна боја на собата. Сивата функционира со било која весела боја во комбинација која е и модерна и класична во исто време. За најдобар визуелен ефект, измешајте различни материјали и нијанси на сива.
3. Користете силни бои и дизајни
Добри вести за љубителите на модерниот дизајн, според истражувањата на научниците:
“Најдобар начин да го стимулирате видот на бебето е да користите црни и бели линии и темни и светли контрастни бои. Па што правиме со сите оние нежни убавки пастелни бои кои се толку популарни за детски играчки и мебел? Додека овие бои Ви изгледаат привлечни, не прават апсолутно ништо за Вашето бебе. Истражувањата докажаа дека црно-белиот контраст преку мрежницата на окото испраќа силен стимулус до мозочните клетки на бебето, постигнувајќи поголем напредок и развиток на мозокот.”
Што значи, за малечкото умно главче, контрастот е правиот избор! Наши омилени места за ваков дизајн се:
- тапет или насликан ѕид
- постелнина и друг текстил
- килим
- и нашето омилено место:
4. Не го заборавајте плафонот!
На крајот на краиштата, вашето малечко многу ќе лежи и овој дел од просторијата најверојатно ќе биде најгледан.
5. Додадете забавни начини на движење
Бебињата обожуваат да бидат нишкани за да заспијат. А искрено, ни на нас возрасните не ни пречи пријатното чувство, па слободно одберете висечка нишалка за во собата – нема да Ви „паднат“ рацете додека го/ја заспивате убавецот/убавицата.
6. Дизајнирајте соба која ќе расте со бебето
Одберете мебел кој се менува во зависност од возраста на детето. Веќе го споменавме креветчето, тука исто така спаѓаат фиокарите со подлога за пресоблекување која се отстранува. И не заборавајте на елементи како коњче-лулашка кое ќе служи за игра кога малечкото доволно ќе порасне за да може да си игра.
7. Најдете тема и држете се до неа
Посветете се на тематско уредување на собата – работете на ѕидовите, материјалите, дизајнот на текстилот, бојата и декоративните елементи.
8. Додадете го името на бебето
Најдете креативни начини да го вметнете името на бебето во собата. Ние предлагаме:
- врамени букви на ѕидот
- монограми на постелнината
- додатоци со името на бебето
- светлечки букви за на ѕид кои функционираат и како ноќни светилки
9. Направете удобно место за возрасни
Не заборавајте дека со новиот член на семејството доаѓаат и многу непроспиени ноќи и часови поминати во успивање и читање приказни. Ако го земате бебето во Вашата соба секогаш кога плаче, многу ќе биде потешко да го навикнете да спие само, па затоа, создадете агол во собата кој ќе биде доволно удобен за седење и дремка на мама и тато.
10. Додајте МНОГУ место за складирање
Неверојатно е колку работи им требаат на бебињата и малите деца! Купете плакари, корпи, фиокари и мебел со складирање како софа или табуретка, и додајте отворен простор за да ги изложите омилените предмети на бебето.
Сè што бирате нека биде функционално и лесно достапно за Вас, за да можете брзо да расчистите, но во исто време и за малечкото, за да го научите како самото да се грижи за својата соба кога ќе дојде време за тоа.
Бидете внимателни и одвојте доволно време за каков и да е дизајн, запомнете дека токму ова е местото каде ќе го запознаете своето дете со убавината на дизајнот и ќе ја поттикнете неговата креативност. И за крај, забавувајте се, исполнете го просторот со сета позитивна енергија и љубов!
А ние, (сè додека и нам не ни дојде време за планирање 😉 ), тука сме да Ве нахраниме со инспирација и совети. Ви посакуваме многу смеа, трпение, среќа, здравје, љубов и прекрасни мигови во најубавата титула на светот – родител! 🙂 🙂 🙂
Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!