Квалитетот на австрискиот лидер во градежништвото „Баумит“ ќе стане вредна карактеристика на новата станбена зграда GA 02, лоцирана на улицата Милан Зечар во скопската населба Стар Аеродром. Периодов работиме на изведба на Baumit Pro термичката фасада, со што планираме да постигнеме врвни заштеди на енергија во идните станови и рангирање на новата станбена зграда како енергетски ефикасен објект од класа А. При изведбата се употребува BaumitPro Contact, прашкасто цементно лепило за лепење и израмнување на стиропор фасадните плочи.
Покрај високата топлинска изолација на становите, Baumit фасадата обезбедува и заштитна функција. Категоризацијата во противпожарноста на овој фасаден систем е како тешко запалив материјал. Друга напредна карактеристика е обезбедувањето на поволна станбена клима, која се обезбедува со тоа што фасадниот систем не пропушта атмосферска влага, додека влагата од внатрешните простории е овозможено постојано да излегува во надворешноста. Со ваквиот принцип се гарантира пријатна влажност во просториите за домување.
За крај, да не ја заборавиме естетската функција од изведбата на Baumit фасада на новата станбена зграда на „Голден Арт“. Имплементирањето на енергетската ефикасност со квалитетни и препознатливи материјали од рацете на докажани градежни работници овозможува реализација на надворешен изглед на објектот според пропишаните својства во проектната документација, без можност за уништување и избледување на надворешната боја на станбената зграда набрзо по нејзиното пуштање во функција.