Вселувањето во нов дом е дефинитивно највозбудливо нешто за секој човек. Возбудата на станарите од ГА 04 започна вчера на 31.08.2016, кога свечено ги добија клучевите, па отсега за нив датумот 1ви септември нема да е само првиот школски ден, туку ден од кога започнуваат да ја градат својата среќна иднина во домот од соништата.
Станарите имаа можност да се запознаат меѓусебно и да уживаат во музиката на “Група Маестро”, за време на коктел забавата.
Објектот, кој се состои од 121 стан со површина од 37-78m², ги исполнува сите услови за енергетска класа А, па освен цврстината, квалитетот и естетиката, ќе им овозможи на сопствениците и најниска енергетска потрошувачка во текот на целата година. Одличната локација е надополнета со хортикултурно уредување на дворот на зградата и современо партерно уредување.
На станарите им посакуваме среќен почеток во новите домови од соништата.
Следува фотогалерија од среќните семејства 🙂