#1 Netflix & Chill
Опушти се колку што можеш – на Netflix сигурно има еден тон серии, филмови и документарци кои не си стигнал/а да ги гледаш.
#2 Зготви нешто вкусно
Сега е супер време да ги испробаш сите оние рецепти за кои немаше време досега. Може да е и нешто покомплицирано од пица 😄
#3 Направи чистка
Фрли/подари се што непотребно стои во плакарите! Ќе се изненадиш од тоа колку подобро ќе се чувствуваш после ваква темелна чистка. Плус, кога веќе чистиш, одлично време е да ги дезинфицираш сите места кои често ги допираш со рака – кваки, славини, прекинувачи за светилки, мобилниот телефон… Уште една добра работа околу изолацијата е дека пролетната генералка можеш да ја поделиш на неколку денови. Практично, нели?
#4 Влези во топ форма
Или остани во топ форма ако веќе практикуваш здрав начин на живот. Ваквото раздвижување, освен здравјето, ќе ти го подобри и расположението!
#5 Покажи што знаеш
Немој да се лутиш на „Не лути се, човеку“, направи најголем монопол на „Монопол“, прошетај се низ светот на „Брза географија“, или измисли своја друштвена игра (со помалку друштво, т.е. домашните!)
#6 Искористи го моментот
Уживај во љубовта, прочитај книга, посвети си време себеси, научи нешто ново за твојата професија, медитирај, цртај, пеј. Помогни си себеси и на останатите, #СедиСиДома, миј раце, не споделувај непроверени информации на социјалните медиуми. Можеби ова е единствена прилика во која можеш да спасиш живот без да мрднеш со прст. И не заборавај, од нас зависи!
#7 Посети ја www.goldenart.mk
Освен содржините околу нашата понуда, на нашата веб страна можеш да прочиташ и убави совети за уредување на домот. Можеби ќе ја пронајдеш инспирацијата за совршено уредување на дневната соба 🙂
- Понеделник – петок: 08:00-16:00 часот
- Сабота: 08:00-13:00 часот