6 „Направи сам“ проекти кои мора да ги пробате до крајот на годината

Надвор е се’ постудено, деновите се се’ пократки, па така и ние сме се’ понерасположени за излегување. И со право! Има ли нешто поубаво од топлината на омиленото ќебенце и чаша чај во рака? Доста Netflix содржини пропуштивме летово 🙂

Тука во Golden Art, кога заладува, некако сите наеднаш добиваме инспирација за декорирање. Ги пробавме овие 6 проекти и се’ што можеме да кажеме е дека ќе се изненадите од сопствените вештини кои можеби не ни знаевте дека ги имате. Уживајте!

Декоративни навлаки за перници

До крајот на ноември, скоро сите листови од дрвјата веќе ги нема. За да го зачувате есенскиот шарм во домот, соберете неколку листови од тротоарот и фатете се за работа. Во неколку едноставни чекори, со помош на платнена навлака, една (или повеќе) бои и малку време за сушење, сосем лесно ќе ја освежите дневната соба.

Инструкциите погледнете ги на овој линк.

diy-pillow-freshome

Интересни саксии за цвеќе

Кога ја делите канцеларијата со други колеги, тешко е да го уредите просторот по свој вкус. Затоа, со помош на овие малечки саксии за растенија кои не одземаат многу место, ќе го разиграте бирото и ќе му дадете свој печат на просторот.

На Homey Oh My прочитајте ги сите инструкции, чекор по чекор.

mini-plant-stands-diy-freshome-november

Модерна чинија за торта

Празници се ближат, а со нив и еден куп грижи за тортите и колачите со кои ќе ги послужите гостите. За една работа не мора да се грижите – декорацијата! Почнувајќи од денес, па се’ до празниците редовно ќе ве освежуваме со по некоја лесна идеја. Затоа – читајте не’ редовно!

Тука прочитајте како да ја направите оваа чинија за торта која лесно може да ја претворите во централен елемент на трпезата. Лесно е и едноставно!

cake-stand-diy

Корисна полица за чевли

Од женски чевли и штикли никогаш доста, жените знаат зошто! (Т.е. не знаеме зошто, да не се лажеме :D)
Како што доаѓа секој нов пар кој, нели, апсолутно „МОРА“ да го имате, така си оди просторот за складирање и си доаѓа нередот. Затоа, со помош на овој предлог, со многу малку пари ќе направите стилска полица која сосема солидно ќе си ја заврши својата работа!

16295148927_e63ef31b8a_z

Дрвени даски за сервирање

Додадете ги овие итересни даски во својот празничен сервирачки арсенал и уживајте во луксзот кој сами го создавате. На овој линк ќе видите колку едноставно се изработуваат вакви интересни предмети, и не заборавајте да направите неколку вишок – ова е совршен подарок за секого!

1-main14

Картонски кактуси

Одличен предлог (и подарок) за сите кои се толку заборавени што и кактус можат да исушат, сите познаваме по некој таков 😉  Можеби не е по фенг шуи, но ваквите картонски растенија ќе внесат свежина во секој простор. Како бонус, дајте им на децата да напишат некоја порака или да нацртаат нешто – инстант рецепт за насмевка на сред напорниот работен ден!

diy-cacti1