Доколку дилемата при изборот на локација за нов дом Ви е заглавена некаде помеѓу „мирна населба“ и „блиску до центарот на градот“, имаме одлична вест за Вас! Зошто да не ги добиете двете работи, а како бонус да добиете дом кој се одликува со цврстина, трајност и енергетска ефикасност која ќе Ви обезбеди ниски сметки во текот на целата година.
Населбата Карпош ја одбравме како локација на еден од нашите објекти бидејќи нуди сè за одличен и безгрижен живот далеку од градската бучава.
- Блиску до неколку градинки, основни, средни школи и факултети
- Само улички ве делат од пазар, супермаркет и трговски центар – веќе никогаш нема да задоцните дома ако сте се „ загубиле“ по продавници низ Skopje City Mall 😀
- На неколку чекори до три одлични болници: „Acibadem – Sistina“, „8-ми Септември“ и поликлиника „Букурешт“
- На дофат Ви се градскиот парк, кејот, спортскиот центар и базенот „Борис Трајковски“, како и многу тениски и кошаркарски терени – за оние совршени моменти кои ги поминувате во рекреација со најблиските.
Звучи добро? Тимот на Golden Art Ви стои на располагање 24/7 при потрагата на Вашиот нов дом од соништата. Јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба!
На овој линк погледнете ги сите информации во врска со објектот, а за крај – Ви ги предлагаме фаворитите на купувачите: