21 идеја за идеална спална соба

bedroom-small

Ако барате инспирација за декорирање на спалната соба, подгответе се да се воодушевите од следниве идеи. Одвојте време и поминете внимателно низ сите слики, анализирајќи ги деталите и полека создавајќи ја вашата спална соба од соништата (во вашиот дом од соништата, се разбира 😉 )! Имајте на ум дека светлите бои се далеку поефикасни од темните нијанси, за визуелно проширување на просторот. Колку и да изгледа примамливо, голем кревет ќе зафати многу место, па паметно решение е да се избере помал кревет, а остатокот од просторот да се исполни со практични решенија. Доколку просторот за складирање е проблем, секогаш може да го исполните просторот под креветот со кутии за складирање (ги има во секоја продавница за додатоци во домот), а во сите продавници за мебел можете да изберете кревет со складирање под душекот. И купете огледала – колку повеќе, толку подобро! Уживајте во создавањето на вашата удобна спална соба и не штедете време – ова сепак е катчето во кое се повлекувате на крјот на секој напорен ден 🙂

 

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!