Малку поинакви канцеларии – Google, Цирих

Google-Headquarters-in-Zurich
Времето поминато во канцеларија не би го дефинирале баш како најубавото време во животот, барем доколку сте дел од сите нас, обичните смртници. Секако, доколку сте дел од тимот на Google, ова не Важи за Вас бидејќи Вашата канцеларија е повеќе луна-парк и игротека за возрасни отколку обична канцеларија.

Во галеријата која ја подготвивме за Вас денеска, можете да ѕирнете во просториите на гигантската компанија Google кои се сместени во Цирих. Канцелариите се толку забавни што доколку Ви кажеме дека не се ни главните канцеларии, нема да можете ни да замислите како би изгледало седиштето на оваа компанија. За тоа ќе пишуваме во некоја наредна прилика, а денес, да се држиме до локацијата која ни е поблиска 🙂

Дел од бенефитите во кои уживаат вработените на Google во Цирих се сопствен спа-центар, места за читање, уживање, билјард, air-hockey, ТОБОГАН, фотелји за масажа, сала за аеробик, танц и пилатес и најинвентивните места за разговарање сместени во кабини од ски-гондола. Импресивно, нели?

Не е ни чудо што Google ги има најефикасните вработени на светот, кој не би се посветил максимално со ваква работна атмосфера? Хмм, можеби имаме нова предлог тема за наредниот состанок со шефот: преуредување на канцеларијата… 😉