Овој малечок стан во Сао Паоло изобилува со стил и карактер. Првично наменет за млад брачен пар, овој простор од 77m² лесно ќе се прилагодува кон новите членови на семејството.
„Ги урнавме ѕидовите на помалечката спална соба за да се направи повеќе простор за главната спална соба и приспособлив дневен простор со трпезарија и малечок простор за работа“, велат дизајнерите. “Кујната, која веќе беше вклучена во амбиентот, беше подобрена со додавање висококвалитетни завршни материјали.”
Завеси се искористени за да се оддели работниот простор и дневната од кујната и трпезаријата. Разнобојните детали додаваат впечаток на разиграност на просторот. Главната спална соба е целосно бела со цел да оддава впечаток на ширина.
“Ѕидовите на тоалетот се прекриени со тапет“, велат дизајнерите. “Туш кабината е дискретно сокриена со врата од црно стакло“. Просторот за складирање е исто така мудро сокриен низ домот.
Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!