Маестралност од 28 метри квадратни опишанa со само 4 фотографии

Локалното дизајнерско студио Anne Rolland Architechte направило одлична работа со амбициозната задача која им била дадена: претвориле коњска штала од 17-от век во мало студио во Париз, Франција.

Tiny-Paris-Kitchen

Поранешната штала била поврзана со градска куќа од 1600-те години, и била напуштена повеќе од 70 години. За ова удобно студио од 28 метри квадратни, задачата тесниот простор да се прилагоди за живеење барала од архитектот да размислува креативно за да ги смести сите потребни елементи за удобен живот.

Tiny-Paris-Bedroom

И покрај тоа што просторот е малечок, сите основни работи како кујна, потполно опремена бања, простор за спиење и работа се вклучени во дизајнот со користење на само една преграда. Исто така, има и специјално дизајнирани елементи за оптимална организација и складирање, како полици, фиоки и ормарчиња. Ѕидовите од камен кои ги има на многу места низ домот се онаа карактеристика која го прави студиото посебно и му дава доза на рустичност.

Tiny-Paris-Bathoom

Низ процесот на реновирање, архитектите исто така откриле историски додаток на домот кој одлучиле да го вклучат во целиот дизајн и покрај неговата првична намена – собирање животински измет (Архитекти – што сè нема да направат… 😀 ). Просторијата од само 9 метри квадратни сè уште нема своја намена, меѓутоа од останатиот простор го делат дрвени скали и сокриена „магична“ врата.

Tiny-Paris-Cave

За што би ја искористиле Вие оваа сокриена просторија? 😀