Кеир Таунсенд го комплетирал дизајнот на дом далеку од дома во населбата Јужен Кенсингтон во Лондон. Замислен за клиент кој често ко посетува градот, проектот го комбинира луксузот на хотел со пет ѕвездички со удобноста на топол дом.
Оригиналниот распоред на станот имал тесна кујна која дополнително го смалувала просторот во бањата; исто така недостасувал и простор за складирање. Распоредот бил промонет за да се создаде функционална бања и open-plan кујна споена со дневната соба.
Низ просторот се забележуваат уметнички ѕидни светилки, кои креираат различни амбиенти за различни намени. Органик текстури и природни материјали создаваат богато визуелно различие.
„Честа мисконцепција е мислењето дека колку помалку предмети има, толку поголем делува просторот. Не е навистина така,“ вели дизајнерката Ирина Таунсенд. „Колку повеќе зони и елементи имате, посилен е впечатокот дека постојат повеќе различни области во една соба.“
„Трикот е да нема премногу контрасти или јукстапозиции по палетата, туку да се користат неутрални тонови со различни текстури и материјали.“
Во дневната соба, софата тапацирана со кадифе има одговарачки отоман, кој му дава на станот чувство на експанзивен луксуз. Каминот е изработен од специјален материјал со слоеви од течен метал и смола.
Едноставната линеарна кујна има рефлектирачки вратички направени од бронзено стакло. Италијанските висечки светилки имаат бронзени дифузери и затемнувачи за да создадат различна атмосфера во зависност од потребите.
Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!