Креативни начини за чување вино

10winerack

Во сезоната на прослави и убави мигови, заштитен знак на секоја просторија е мирисот на греано вино и ракија измешан со арома на цимет и портокал. Да, празниците завршија – и ако сте како повеќето од нас „среќниците“, Дедо Мраз Ви донесе тесни фармерки и 3 килограми плус. ( Дедо Мраз е виновен, а не кифличките, сармите и изобилството руска салата 😉 )

Како и да е, ова не значи дека треба да престанете да уживате во добар пијалок, почнете да се движите повеќе и сè ќе се врати во нормала. А кога сме кај пијалоците – на почетокот на Новата 2016-та разбудете си го креативецот во себе и почестете го домот со креативен елемент за чување на стаклени шишиња. Уживајте!