Како бојата влијае на расположението: СИНА

landscape_nrm_1422906231-hbx-blue-living-room-0310Боите на просториите во домот се директен одраз на Вашиот карактер. Додека повеќето од нас не поминуваат многу време размислувајќи за боите, токму тие влијаат на нас секој ден. Бојата која доминира во една соба влијае и на расположението, и на креативноста и на мислите. Научно е докажано дека одредени нијанси имат ист ефект на повеќето луѓе и затоа е многу важно да се внимава при изборот.

Секогаш сме тука да ви помогнеме да го одберете најдоброто за Вас и најмилите, па затоа денес започнуваме со многуте нијанси и тонови на сината. Токму оваа боја може да биде и најстудена но и најтопла, па во зависност од нијансата ќе постигнете различен ефект.

blue-room-design-ideas-7

Cината се смета за боја која го спушта крвниот притисок и го забавува дишењето и ритамот на срцето. Затоа, оваа боја се смета за смирувачка, релаксирачка и свежа, па често ја препорачуваат за спални и бањи.

Како и да е, пастелната сина која изгледа убаво на палетата со бои која Ви ја нудат може да изгледа непријатно студено на ѕидовите и мебелот, особено во просторија која има малку природна светлина. Ако изберете светло сина како примарна боја во просторијата, балансирајте ја со топли тонови на мебелот и текстилот.

За да внесете релаксирачки амбиент во местата за дружење како дневната соба, големи кујни и open-plan простории, одберете потопли нијанси на виолетово сино, или светли силни нијанси како церулеан или тиркиз. За смирувачкиот ефект на сината – одберете нежно сина. Темно сината има спротивне ефект и евоцира чувства или тага. Одбегнувајте ги темните нијанси на сино во главната палета на бои.