Извлекување на наградна игра Купи дом, Oсвој Стан!

ВЕТЕНО – СТОРЕНО.
Како што многумина од вас знаат, за да ја прославиме нашата 18-годишнина, Golden Art ја започна оваа неверојатна кампања и лотарија со убедливо најголема шанса за добивка, каде секоe физичко лице што купило стан или деловен простор помеѓу 24-ти јуни 2023 и 23-ти јуни 2024 и ја исполниле обврската за плаќање на купопродажната цена во целост беа вклучени во ждрепката за да добијат луксузен стан во нашиот Голден Арт комплекс КАРЕДО во Карпош.
Покрај стотина натпреварувачи во оваа единствена можност, Никола Дојчиновски е среќниот добитник на станот во комплекс Каредо!
Си купи дом – а освои Стан.
Му посакуваме секој момент да му е исполнет со љубов и смеата да ечи низ домот.