Нашата нова станбена зграда на улицата „Милан Зечар“ во Аеродром полека го добива конечниот лик. Оперативата на „Голден Арт“ вредно работи на финалните фази од изградбата на објектот и се грижи да се запази веќе традиционалниот квалитет кој ги краси нашите згради. Периодов вградувавме паркет, плочки, туш кабини, внатрешни и надворешни врати и сето она што е потребно за еден стан во изградба да прерасне во удобен дом за живеење.
Базирано на претходното одлично искуство со производот, повторно се одлучивме во становите да вградиме првокласен лакиран дабов паркет од стопроцентно природно дрво, на норвешкиот производител „Boen“. Скандинавскиот квалитет гарантира врвен производ, а дабовиот паркет се карактеризира со цврстина и долготрајност – тој е еден од најдолговечните дрвени подови. Паркетот се лепи со двокомпонентен лепак „Slc Eco L34“ на италијанскиот производител „Kerakoll“. Се работи за еколошки производ кој не содржи растворувачи и има извонредно ниска содржина на испарливи органски материи, што го прави потполно безбеден и здрав производ, препорачан за употреба во т.н. „зелени“ згради. Лепакот се карактеризира со висока еластичност и со висока сила на лепење.
Периодов бевме ангажирани и со поплочување во становите, како и во заедничките простории на зградата. Првокласната италијанска керамика е од брендовите „Idea Ceramica“, „Baranzoni Ceramiche“, „Area Ceramiche Maranello“ и „Sintesi Ceramica“. За лепење на плочките користиме „Kemabond 109“ лепило за плочки за внатрешна употреба и „Kemabond Flex 131“ лепило за внатрешна и надворешна употреба за лепење на ѕидна и подна керамика. Пред лепењето на плочките, изведовме квалитетна хидроизолација со употреба на „Kema Hidrostop Elastik“ и самолеплива лента за дихтување „Kema Bandtrack Tack 12“. Нашата докажана формула за квалитетна градба, која доследно ја следиме гласи: најквалитетни материјали во комбинација со врвна изведба!