Преку ден, тие се вешто изработени резби со креативни детали и богата дрвена текстура. Навечер, фрлаат интригантни сенки во најразлилни форми врз ѕидовите.
Овие светилки се создадени од Pranaya Design, дуо кое е одговорно и за дизајнот, и за изработката на ласерската технологија користена за нивно сечење. Со седиште во Република Чешка, тимот се состои од Јосипа, задолжена за идеите и дизајнот, и Јирка, чие познавање на ласерите го оживеало овој проект.
На парот му требале неколку месеци за да ги собере потребните делови, да ја состави ласер-машината за сечење и да ги најде идеалните извори на светлина за сенките да изгледаат како што изгледаат денес.
Светилките се креирани дигитално и потоа се праќаат на машина за да се исечат. Достапни се во две серии, една со дрвото на животот, кое е и заштитен знак на компанијата, и уште една со геометриски дизајн и симболи.