26 ноември 2014 година е датум кој ќе остане трајно врежан во историјата на градежната компанија „Голден Арт“. Вечерва свечено ги отворивме портите на нашиот успешен градителски проект со 117 станови и три деловни простори, кој го реализиравме во временски период од околу една година. Во изминативе месеци го вложивме сиот наш труд, професионално искуство, иновативни решенија и смели замисли, за да на крај добиеме резултат со кој се гордееме.
На некогаш руинираната локација во населбата Стар Аеродром подигнавме зграда што ги задоволува најстрогите европски критериуми во градежништвото: проверената хидроизолација со адитиви на бетон на словенечката компанија „ТКК“, иновативните термо блокови на хрватската компанија „Нексе“, енергетски ефикасните прозорци со профили од германската компанија „Века“, со трослојно стакло на француската „Сен Гобен“ и најквалитетен оков од австриската „Мако“, потоа водоводната инсталација со исклучителниот систем „Раутитан“ од германската компанија „Рехау“, италијанска санитарија „Доломит – Идеал Стандард“, врвната термичка фасада од австрискиот производител „Баумит“, широката палета најквалитетни германски производи од „Кнауф“ и првокласниот паркет од норвешкиот производител „Боен“.