Доколку сте љубители на фотографијата имаме интересна идеја за декор во Вашиот дом. Ако имате неискористен простор во домот, или бланко бел ѕид тогаш проблемот со декорот Ви е решен! Издвојте ги старите фотографии кои Ви се омилени и вклопете ги во домашниот декор на едноставен и симпатичен начин. Се што треба да направите е да ги искористите старите рамки или пак да си купите нови и да ги закачите на ѕидот. Дали ќе ги наредите вертикално, хоризонтално или цик цак, тоа е Ваш избор. Можете да искористите и рамки со натписи и букви или со некои интересни знаци. Изборот е голем па затоа можете да направите и некоја впечатлива комбинација 🙂
Погледнете ја галеријата и искористете некоја идеја 🙂