„Голден Арт“ го помага издавањето стручна литература за енергетска ефикасност

Го придвижуваме градежништвото напред и во областа на стручното издаваштво. Под наше покровителство, денеска на Саемот за градежништво 2015 ја промовиравме стручната книга „Концепт на приод кон мултидисциплинарното проектирање на нискоенергетски и пасивни згради“ на докторот по технички науки Петар Николовски. Ова книжевно дело го издаваме по повод 10 години од основањето на градежната компанија „Голден Арт“, со кое се надеваме дека ќе дадеме силен поттик во натамошното објавување на вакви стручни дела кои се многу потребни во Република Македонија.

Како рецензентка на објавената книга, професорката Сања Поповска – Василевска од Техничкиот факултет во Битола на денешната промоција објасни дека книгите што ги третираат нискоенергетските и пасивните згради претставуваат дефицитарна литература во Република Македонија Притоа, таа нагласи дека најновата книга на Петар Николовски претставува вредно дело, кое го надополнува недостигот на ваков тип на книги во земјава. За содржината на публикуваното издание говореше и архитектката Даница Павловска.

Свое обраќање на денешниот свечен настан имаше директорот на нашата компанија, Ивица Јаќимовски. „Нашиот прв објект доби класа А според Правилникот за енергетска ефикасност.Како прв ваков објект на територијата на Република Македонија, ние ги надминавме минималните барања во заштедата на енергија за четири пати. Ова не значи дека со реализацијата на ваков тип на објект имаме повисока цена на нашите станови на пазарот. Напротив, ја задржавме ценатана пазарното ниво, но притоа понудивме поголем бенефит за купувачите на станови. Овој прв чекор ни даде потврда дека сме на добар пат во примената на стекнатото искуство и при изградбата на сите наши идни објекти“ истакна Ивица Јакимовски.

Петар Николовски на денешната промоција посебно се осврна на својата плодна соработка со градежната компанија „Голден Арт“, која успешно се одвива повеќе од три години. „Зградите кои тие градат имаат највисок степен на енергетска ефикасност што е дефиниран според законската регулатива на Република Македонија“ изјави д-р Петар Николовски. Авторот на публикуваното дело ја изрази својата благодарност за укажаната поддршка од компанијата „Голден Арт“.

Како уредник на изданието „Концепт на приод кон мултидисциплинарното проектирање на нискоенергетски и пасивни згради“ се јавува Ана Пановска – Докузовска. Техничката реализација на публикуваното дело ја подготви издавачката куќа „Магор“ од Скопје.

dedo1

dedo2

kamen

lugje

tambot

tambot2

zenski lugje