Доколку трагате по идеално дизајнерско решение за вашата канцеларија, размислете да побарате инспирација во парискиот стил.
Што всушност го карактеризира овој предоминантно црн стил кој ви го претставуваме во галеријата? Основата на овој стил се наоѓа во комбинацијата на природни тонови како кафена, сива, црна и бела. Дизајнот е едноставен, а сепак разновиден.
Црните ѕидови се направени да изгледаат како релјефни панели и даваат една декадентна елеганција на просторот за работа. Кога ќе се одлучите за ваков ентериер, користете детали од месинг, бакар или не’рѓосувачки челик, кои ќе дадат додатна доза на елеганција. Под канцеларијата има под со темен финиш за да се постигне одличен баланс со црните ѕидови.
Стилските фотелји во сива боја, работната маса со мермерна површина, автентичното осветлување и неонскиот глобус даваат една доза на ексцентричност на овој инаку класичен простор.
Не претерувајте со детали, овој стил самиот по себе има силен карактер, па вишокот декорации не доаѓаат во предвид.