Кога располагате со органичен буџет, најдобрата опција која ја имате е да вложите во помал дом, и да се потрудите што е можно подобро да го искористите просторот со кој располагате. Денес за Вас подготвивме неколку совети со кои ќе го искористите максимумот, а ќе потрошите минимум од паричникот. Како бонус, сите тие совети се употребени при уредувањето на домот кој ќе го видите во галеријата, а се наоѓа во Париз.
- Вложете паметно: Доколку веќе сте купиле стан од понудата на Golden Art, за Вас ова правило не важи – сте ја научиле лекцијата навреме 😀 Доколку реновирате или разгледувате понуда за нов стан, има четири работи кои мора на почеток да ги прецртате од листата и за кои вреди да вложите малку повеќе:
А: Квалитетен под – ќе го користите повеќе од што можете да замислите. Последно што сакате е да е направен од евтин, синтетски материјал и штетни хемикалии, или пак да почне да крцка по неколку месеци од вселувањето. Најдобра опција е старата добра класика – дрво, со тоа што денес на пазарот има компании кои производството на дрвени подови го донеле на толку високо ниво што никогаш нема да помислите да менувате под. Еден од тие производители е норвешката компанија Boen, која дабовото дрво го носи во една друга димензија. Токму таков под се користи во секој Golden Art дом.
B: Квалитетни прозорци – тие се Вашиот контакт со надворешниот свет, и доколку не размислите убаво пред да одберете – може да завршите со прекумерна бучава, огромна загуба на енергија при греење и ладење и стрес кој не Ви е потребен. Во Golden Art ги одбираме Rehau Geneo прозорците, кои се далеку од обичен ПВЦ прозорец. Со шест комори и четирисезонско, трослојно стакло, овие прозорци го чуваат Вашиот семеен буџет.
C: Квалитетна изолација – Заборавете на ѕидови од гипс-картон. Кога станува збор за преградни ѕидови – местото на гипсот е како ѕидна облога каде е апсолутно незаменлив – цврст, траен, отпорен на оштетувања, го регулира нивото на влажност во просториите, добар изолатор и најважно од се – безбеден за здравјето. Тука, наш верен партнер е Knauf со целата палета на производи. На гипсот му претходат неколку слоеви, од кој исто така важен, и буквално носечки е слојот од цигли. Класичната цигла ја заменивме со Nеxe термо блок – посебен вид на градежен блок кој обезбедува оптимална изолација, а е изработен од исклучиво природни материјали. Блоковите се користат за преградување на сите ѕидови: кон надвор, меѓу соби, меѓу становите и меѓу станот и ходникот во зградата.
D: Квалитетна врата – Вашата гаранција за безбедност во текот на целата година! - Одберете минималистички мебел: доколку имате ограничени средства, нема потреба да брзате со купување мебел. Тоа можете да го правите постепено, а на тој начин ќе одлучите и што Ви е навистина потребно и ќе избегнете непотребни трошоци за мебел кој не Ви е неопходен. Денешните трендови дозволуваат и мешање на стиловите, па така сосем слободно може да се одлучите да го претапацирате двоседот на Вашите родители и тој да изгледа беспрекорно. Исто важи и за дрвените елементи, масите, столиците. Доколку Ве бива за комбинирање на новото и старото, повеќе од сигурни сме дека ќе завршите одлична работа.
- Користете една палета на бои: за мали простори светлите бои се најдобри, никогаш не можете да згрешите со белата боја во комбинација со сива. За да одбегнете домот да изгледа студено и како медицинска ординација, збогатете ги основните бои со неколку елементи во жива боја (на пример жолта во овој случај), а затоплете го амбиентот со дрвен под. Внимавајте останатите дрвени детали во просторот (ногарки од маса, столици, полици, врати) да бидат или во боја на подот, или во друга боја која веќе ја имате – бела, или некоја сосем друга за уметнички ефект. Но никогаш не комбинирајте две дрвени површини во различна боја.
4. Осветлување: светилките се алатка која лесно ќе ја искористите за да постигнете уметнички ефект, визуелно да го одредите фокусот на секое катче, да истакнете, но и да си го олесните секојдневното функционирање. Нема да згрешите ако поставите различни светилки и во една просторија – на пример плафонско светло над гарнитурата, pendant (висечки) светилки над шанкот или трпезариската маса и голема подна ламба до просторот за читање. Важното е светлината да биде во иста боја, и тоа е тоа :)Уживајте во галеријата: