По четврти пат сме дел од ракометниот камп „Кире Лазаров“ кој и оваа година ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид, каде младите ракометари ќе учат од најдобриот стрелец во светот и најдобриот македонски спортист, кој со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на нашите идни ракометни ѕвезди.
Нè очекуваат многу дружба, многу пријателства, многу напорни тренинзи и многу нови ѕвезди!
Бидејќи најмалите се нашата иднина!
