Периодов работиме на електричните инсталации и на малтерисување во станбената зграда на ул. Милан Зечар во Аеродром. Каналите за инсталациите ги изведуваме уредно и прецизно со користење на режачка со дијамантски ножеви. Роковите за вслеување кои им ги ветивме на нашите ценети купувачи мора да се испочитуваат, па не губиме време и веднаш по поставување на инсталациите, преминуваме на малтерисување. За совршено мазни ѕидови, немавме дилеми кога го избравме докажаниот германски производ – гипсен малтер Кнауф МП 75 Л. Малтерисувањето со гипсен малтер има многу предности. Пред се гипсот има иста pH вредност како човечката кожа и е потполно природен и здрав материјал. Исто така гипсените градежни материјали ја регулираат влажноста на воздухот во просториите. Гипсот е составен од многу ситни пори кои по потреба го преземаат во себе вишокот на влажност од воздухот. Кога околината ќе се исуши, влажноста од гипсот повторно се враќа во воздухот. Гипсениот малтер Кнауф МП 75 Л има и одлични противпожарни својства. Тој содржи 20% врзана кристална вода, која во случај на пожар може да врзе голема количина на топлинска енергија и го забавува ширењето на пожарот. Малтерисувањето се изведува машински, со германски PFT машини.