Често пишуваме за домови кои недостатокот на простор го компензираат со светлина, но навистина невообичаена е разноликоста која се постигнува со белата боја како основа, со неколку правилно одбрани елементи.
Овој дом, лоциран во Battery Park, е одлика на њујоршкиот стил на живот – гламурозен – а сепак удобен. Дизајнерската приказна се врти околу дневната и спалната соба во shabby chic стил. Секое катче е толку внимателно испланирано, што станот навистина наликува на Pinterest рај. Со светла основа и сиви додатоци во различни текстури и материјали, постигнат е одличен спој меѓу строгоста и елеганцијата.
Погледнете ја галеријата и пронајдете го вашиот омилен детаљ 🙂