Во пар сè е поубаво! 🙂
Овој еднособен стан е дизајниран за млад брачен пар од бугарската дизајнерка Петја Ганчева. „Секогаш мислиме дека немаме баш ТОЛКУ многу работи, но при селење сфаќате дека не е баш така. Затоа баравме модерен стил кој во исто време ќе обезбеди доволно место за складирање.“
Станот го нуди токму тоа – место за складирање со доволен простор за вечерни дружења. Строгите линии и геометриските форми прават просторот да изгледа чисто и отворено. Основните бои на дизајнот се бела, сива и црна, но топлината ја дава виолетовата боја во контраст на инаку едноставниот избор на мебел. Ѕидовите, пак, се разиграни со тапети во различни бои кои целосно се вклопуваат во ентериерот, а дополнителна разиграност постигнува изборот на елементи за декорација – ситни, но впечатливи.
Во дневната дискретно се сместени три простории – место за опуштање, дружење и гледање ТВ, трпезаријата која од остатокот од просторот е визуелно одвоена со сивата софа, а по потреба, со вртење на едно од столчињата од трпезариската маса, добивате мини-канцеларија. Корисно, зар не?
Максимум осветлување во дневната дава главниот прозорец, кој навечер е истакнат, благодарение на завесата и вметнатата вештачка светлина.
Изборот на мат и сјајни површини ја прави кујната мини уметничко дело во кое со вашите кулинарски вештини (совет за домаќинки: пуштете го Ramsay на Youtube – проверена работа 😉 ) ќе создавате еден куп нови уметнички дела. Кујната е од отворен тип, одвоена само со столб од останатиот простор, што дава впчаток дека просторот е уште поголем.
Ѕидот во спалната соба го красат стиховите на “U2 – Beautiful Day”, па сигурни сме дека секој ден ќе започнува прекрасно. Со минималистичкиот дизајн на спалната соба – само кревет и плакар, овој пар нема да мора да се грижи за неред…
Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!