Кога си го поставуваме ова прашање тука во Golden Art, мислиме на материјалите и квалитетот, па така одговорот е најчесто краток и едноставен:
– Комбинација од двете!
Тоа е така бидејќи секогаш се трудиме да бидеме во тек со последните трендови во изградбата, правејќи комбинација меѓу модерните техники и најцврстите материјали – оние кои се докажано трајни и чиј квалитет му пркоси на тестот на времето. Бидејќи целта е една: задоволни семејства кои инвестирајќи во нов стан за себе, создаваат дом за поколенија.
Но, темата денес не ни е за изградбата. Новиот дом бара и нов стил, а новиот стил треба да е и удобен за живеење, и убав за гледање, но и да не треба секоја година да го реновирате 😀 Па доколку сте неодлучни во однос на тоа кои парчиња мебел да ги одберете, продолжете со читање, имаме неколку совети за Вас.
4 златни правила на комбинирањето
1. Имајте на ум дека тренди парчињата доаѓаат со рок на траење
Една од највозбудливите одлики на дизајнот на ентериер е постојаното менување на трендовите. Доколку редовно ни го читате блгот, знаете дека практично секој месец има некој нов тренд во уредувањето кој ги доминира страниците на дизајнерските списанија и Pinterest. Колку и да сме радосни за многуте теми за пишување, тоа значи и дека некои од новите предмети за кратко време ќе застарат, па затоа, ако се одлучите за купување на некој модерен дизајнерски елемент, размислете доволно долго околу тоа колку навистина го сакате тој елемент.
2. Модерниот стил е во акцентските парчиња
Можеби најголемата заблуда при уредувањето е дека мора да се одлучите или за модерно, или за безвременско. Не мора да е баш така. Клучот за златната средина е да му дозволите на модерното да заживее низ декоративните елементи. Притоа, одберете поевтини парчиња за кои нема да Ви е мака кога ќе мора да ги замените. И запомнете, кога се работи за стил – помалку значи повеќе.
3. Одберете квалитетни материјали за она што сакате да трае
Кога сме кај квалтетот – она што најчесто се користи треба да е и најквалитетно. За подот не мора да се грижите бидејќи со Boen трослојниот норвешки паркет кој е вграден во сите Golden Art домови ќе трае со децении. А од другите елементи кои треба да траат: секој дрвен елемент, како трпезаријата, полиците, библиотеката, кујната. Фокусирајте се на природни материјали како дрво, мермер и камен. Верувајте – нема да згрешите.
4. Безвременските простории го отсликуваат минатото
Како што минува времето, така остануваат сè помалку нови работи кои се вистински револуционерни и кои ќе останат запаметени засекогаш. Честопати новите трендови црпат инспирација од минатото, па затоа, грабнете ги старите списанија!
Исто така, важна улога игра изборот на бои. За да не дојдете во ситуација да се заморите од едно парче во боја која можеби нема секогаш да ја сакате, одберете неутрална основа, а боите вклучете ги преку декоративни елементи – перничиња, ќебенца, чинии, саксии, завеси… Изборот е голем! Овие предмети се релативно евтини, па Вашиот смисол за стил, а особено паричникот, ќе ви бидат благодарни за тоа. 🙂