Доколку мислевте дека „трендовски бои“ постојат само во стилот на облекување, помислете повторно 🙂 Главните списанија за ентериер веќе ги објавија боите кои ќе доминираат оваа година. Запомнете ги добро, бидејќи овие нијанси ќе ги обојат сите продавници и веб-страни поврзани со уредување на домот.
Убава страна на овогодинешните тренд-бои е тоа што најверојатно веќе во домот имате вакви предмети, па создавањето модерен дом нема да му наштети на Вашиот џеб.
1. Simply White – Обојте го домот едноставно и бело
Бело на бело, на бело не е веќе одлика на медицинските ординации! Омилена на пуристите и минималистите, белата оваа година ќе царува. Од врати и прозорци, преку боја на ѕидови, па се до цветовите кои ги ставате на масата, вашиот дом ќе заблеска со светлина, чистота и суптилна убавина. Предадете се на комплексноста на едноставното!
2. Алабастер
3. Капучино – бела
Како да ги искористите боите на годината во домот
За среќа, боите на 2016-та се лесни за инкорпорирање, модерни и искористливи на секој можен начин. Неколку добри начини да ги искористите овие бои се:
- Акцент-боја на ѕид
- Перничиња
- Килим
- Свеќи и друг декор
- Керамика, прекривки
Доколку пастелните и светлите бои не можете да ги замислите без некоја контрастна боја, слободно направете го тоа – ќе му дадете свој печат на просторот и ќе го збогатите домот.