СИГУРНИ И БЕЗБЕДНИ ВО ВАШИОТ НОВ ДОМ СО ГОЛДЕН АРТ И WINNER ОСИГУРУВАЊЕ

GA WINNER1

На овогодинешниот Саем на градежништво и недвижности – Real Expo 2016 кој ќе се одржи од 1-ви до 5ти март, Ви носиме уште еден новитет.

Освен максималниот квалитет на градба, ниските трошоци за живеење и идеалната квадратура на идеална локација, Голден Арт започнува соработка со најдобрата и најмоќна осигурителна групација во источна Европа – Vienna Insurance Group и со секој купен стан добивате подарок полиса – Осигурување на домот и покуќнината, во која се вклучени широк спектар на ризици кои можат да претставуваат сериозен проблем и главоболка за вас и Вашето семејство. А бидејќи правиме сè за да бидете целосно безгрижни, нашата соработка со Winner Осигурување гарантира дека Вашиот нов дом од соништата ќе биде сигурен и безбеден и ништо нема да го наруши Вашиот комодитет.

Ризиците кои ги покрива полисата која ќе ја добиете со секој купен стан се:

– Пожар
– Кражба
– Експлозија
– Земјотрес
– Излевање на вода од водоводна, канализациона и инсталација за греење
– Штета причинета кон соседите
– Трошоци за нужно сместување

Ова се основните ризици од кои секое домаќинство треба да биде осигурано, но како додаток на ова нашите клиенти со полисата добиваат и осигурување од ризиците:

– Олуја
– Удар од гром
– Манифестации и демонстрации
– Паѓање на воздушни летала

Саемот на градежништво се организира по 13ти пат и нуди можност на сите посетители за повеќе информации околу продажбата на нашите станови и комплетното домаќинско осигурување кое го добивате при купувањето.

Комплетно осигурување за комплетно уживање во Вашиот нов дом од соништата! 🙂

Се гледаме во хала 1!