Денес, од нашата омилена дестинација (кога станува збор за уредување) – Стокхолм, Ви го носиме овој импресивен дом од 135 метри квадратни. Основниот дизајн на станот вклучува комбинирање на современи детали со елементи од 19-ти Век.
Белата дневна соба е фокалната точка на домот, со модерните столици и клуб-масичка, кои се спротивни на класичниот шанделиер и дрвената врата. Друг детал кој ни го привлече вниманието е сината трпезариска маса поставена пред ѕид обоен во темно сина нијанса со три уметнички слики во поп-ап стил. Светлината е важна карактеристика на овој дом, и е уште поистакната поради светлиот мебел и деталите во бела боја.
Имате дизајн кој инспирира? Споделете го со нас за да го вклучиме во блогот, а во меѓувреме – разгледајте ја нашата топ понуда 🙂