На почетокот од 2015 година го доведуваме светот на напредната технологија во градежништвото од развиените земји до купувачите на станови во нашите објекти. За прв пат во Македонија, „Голден Арт“ во становите од новиот станбено – деловен објект во општина Аеродром го вградува прозорскиот систем ГЕНЕО ПХЦ – сертифициран систем за пасивни објекти на врвниот производител РЕХАУ (REHAU). Германскиот квалитет добива нова димензија со прозорскиот систем на РЕХАУ, кој заштедува енергија и до 76% во идните станови, и тоа преку елиминирање на загубата на енергија од затворениот простор.
Постојат мноштво причини поради кои го одбравме најдобриот прозорски систем ГЕНЕО ПХЦ при изведбата на новата станбена зграда. Средишното дихтување е овозможено со прозорскиот профил со три нивоа на дихтување од сите страни, со кои се обезбедуваат најдобри својства на изолација. Шест-коморниот систем со длабочина на вградување од 86 mm располага со функционални комори, во кои се поставени термо модули за дополнителна топлинска изолација. На тој начин, се извлекува максимална полза од дебелината на прозорскиот профил, за да ја обезбедиме највисоката класа А на енергетска ефикасност во нашата станбена зграда.
Јадрото на прозорскиот профил ГЕНЕО е изработено од високотехнолошкиот материјал РАУ-ФИПРО, кој овозможува максимална стабилност на прозорскиот систем. Ова најново чудо на технологијата ги достигнува вредностите на звучна изолација на класата на заштита 5, кои досега не беа можни да се задоволат при заштитата од бучава без користење на челик. Тенките рамки од 115 mm на прозорскиот систем обезбедуваат оптимално навлегување на светлина во домот. Како значајна предност на квалитетот е и префинетиот дизајн на прозорскиот систем ГЕНЕО ПХЦ. Овој прозорски систем има добиено сертификат од реномираната германска научна установа – Passive House Institute како идеална компонента при изведбата на пасивни куќи.
Прозорскиот систем ГЕНЕО ПХЦ ќе го надополниме со трослојно прозорско стакло со ниска У-вредност од 0,6 W/(m2.K) како гарант за најдобра енергетска ефикасност, произведено од француската компанија Saint-Gobain. Нашата соработка со германскиот производител РЕХАУ е во вистинска полза за идните жители на станбено-деловната зграда на „Голден Арт“ во Аеродром, лоцирана на улицата „Милан Зечар“ во близина на „Тобако 2“.