Голден Арт не штеди ниту време ниту материјали за да создаде беспрекорен простор за живеење за секој станар во нашите објекти. Вешти мајстори во комбинација со најквалитетни градежни материјали и највисоки градителски стандарди се формулата која гарантира врвна изведба. Со квалитетот на градежните работи на вашиот дом не смее да се прават компромиси. Затоа немавме дилеми кога за водоводните инсталации во нашата нова зграда кај „Тобако 2“ во скопски Аеродром, го одбравме системот РАУТИТАН од РЕХАУ, германска компанија со светско реноме.
Оваа трајно дихтувачка водоводна инсталација со врвен квалитет гарантира максимална безбедност на инсталациите и на самиот објект. Се работи за поскапа инвестиција во старт, која ние ја правиме како инвеститор во објектот, но со тоа на нашите клиенти им заштедуваме многу во иднина – потенцијалните санации на санитарните места чинат многу пари, време и животен комфор. РЕХАУ РАУТИТАН со својот квалитет нуди највисоко ниво на безбедност.
Уште поважно, бидејќи човечкото здравје нема цена, РЕХАУ РАУТИТАН гарантира беспрекорна хигиена и квалитет на водата. Испорачателите на чиста вода за пиење се одговорни за нејзиниот квалитет само до приклучокот до објектот, а најважни за квалитетот на водата која ја пиеме се последните метри од цевките, односно инсталациите во самите објекти.
Повеќе информации за системот РЕХАУ РАУТИТАН можете да најдете на следниот ЛИНК