Неконвенционалниот стил на уредување, иако не се практикува често, изгледа навистина убаво доколку умеете да ги избалансирате елементите, како во овој дом од 56 метри квадратни.
Преовладува белата боја, а како акцентски елементи се дрвените ормарчиња кои се дел од кујната и просторот за работа. Изложениот бетон е грубата страна на овој дизајн, но тој е толку умешно вклопен во просторот што делува како ултра модерен детаљ.
Сопствениците ги искористиле високите плафони и направиле уште поголем простор за себе на тој начин што спалната ја подигнале врз платформа која е искористена како плакар за складирање.
Единствено бањата отскокнува од боите на дизајнот, со светло сини геометриски плочки кои постепено преминуваат во бели.
Уживајте во галеријата: