5 совети кои ќе ги внесат линиите од модните писти во Вашиот дом

Последните модни ревии насекаде низ Европа и Америка беа „обоени“ во риги – од големи храбри монохроматски до ситни линии во сите бои кои би ви паднале на памет. Колекциите за уредување на домот никогаш не се далеку од модните писти, па ако сакате да додадете модерна свежина во домот, сега е време за тоа!

Ова се некои од нашите омилени и лесни начини да ја внесете модата од Париз, Милано и Њујорк во удобноста на Вашиот дом.

1. Нацртајте линии на ѕидот

Секако, најлесниот начин за трансформирање се бојата и четката. Но, не претерувајте! Одберете еден ѕид и фокусирајте се само на него. Наш предлог е плафонот, а ако се плашите за прецизноста – набавете тапет 😉

striped-ceiling

2. Striped навлаки за перничиња

Декоративните перничиња се можеби најлесната и најевтината алатка за освежување. Можете дури и да ги сошиете сами, а кога ригите ќе посакате да ги отстраните, само заменете ја навлаката за перничето со нова!

black-and-white-stripe-floor

3. Пробајте со подот

А зошто да не? Ќе го имате можеби најинтересниот под на сите времиња 😀

decorating-stripes-01-lgn

4. Завеси со линии

Кога ништо од претходното не доаѓа во предвид, убаво решение се завесите со ваков дизајн. Иако можеби ќе Ве чинат малку повеќе од перничињата, ефектот ќе биде уште повпечатлив!

striped_outdoor_curtains

5. Не го заборавајте мебелот

За љубителите на високата мода, додадете парче мебел со риги. Без оглед на тоа дали сакате отоман, двосед, тросед, фотелја или обична трпезариска столица, мебелот со риги е сега подостапен во продавниците од кога и да е!

stripes_mixed_patterns

А доколку овие идеи не Ве инспирираа доволно, разгледајте го остатокот од фотографиите во нашата галерија!