5 совети и трикови како да го уредите перфектно Вашиот дом (втор дел)

rrosales_aplusr_store_15-0080

Минатата недела споделивме со Вас 5 совети и трикови како да го уредите перфектно Вашиот дом, оваа недела решивме да споделиме уште 5 нови. Уживајте! 🙂

Освежете го просторот со Цвеќиња

Убаво декорирана вазна со цвеќиња е најдобар начин да освежите и да го оставите финалниот допир на убаво уредената соба. Цвеќињата може да ги наберете од некоја градина, само најбитно е да бидат свежи и шаренолики.

Бидете креативни со боите

Доколку имате повеќе скали во Вашиот дом, тогаш интересен начин е да ги обележите скалите со бројки. Тоа е креативен начин и Вашите деца да си играат броејќи ги скалите, а и во исто време да учат.

Развеселете ја детската соба

Ништо не ги радува и не ја буди детската фантазија повеќе од весели и разнолики бои и интересни украси и играчки. Додадете и неколку прикриени фиокари за да можат да ја скокоткаат имагинацијата на Вашите деца.

Галерија

Сите имаме по некои документирани спомени од детството, од младоста, од училиште, факултет или трофеј од некој спортски настан или некое достигнување. Одвојте место во Вашата дневна соба за овие спомени. Додадете ги најголемите во средина, а од околу поставете ги помалите во големина.

Уште една цигла во ѕидот

Комодата каде што е поставен Телевизорот е можеби најбитното место во дневната просторија. Наш предлог е да ѕидот да го уредите со мали, минијатурни глинени цигли кои ќе дадат ретро изглед и чувство на сигурност и удобност.