5 совети и трикови како да го уредите перфектно Вашиот дом

17-raya-home-décor-ideas-for-your-instagram

2016-та е година на иновации и креативни дизајни. Сите сакаат да остават трага односно свој стил во уредувањето и во декорирањето на домот за да се чувствуваат исполнето и удобно. Со следните 5 совети и трикови ќе Ви помогнеме да ја ослободите Вашата креативност.

 Злато за Златната боја

Кажете им збогум на бакарната и бронзената боја и кажете и добредојде на златната светкава боја. Од висечки предмети до столици и софа, од рамки на прозори до вазни, златната боја полека но сигурно го презема дизајнерскиот свет. Дури и мали промени во декорирањето, како бојадисување на врати на плакари, имаат силно влијание во крајниот изглед на ентериерот.

“Ловечки трофеј”

Ловечки трофеј прикачен на ѕид е лесен начин за да додадете старомоден, див изглед на секој простор, но ако сте како нас, идејата за прикажување на глава од некое животно е секогаш сурова и неприфатлива. Наместо тоа, можете на ѕидот да прикачите дрвена силуета која потсеќа на истиот ловечки трофеј, и да служи како закачалка.

Обојте го својот свет

Во 2016-та дизајнерите сакаат да си играат со боите и да дадат разноликост во домот. Наместо да се користат минималистичките сива, црна и бела, оваа година се одлучија за нешто посмели бои, како на пример, портокалова, златна, црвена, зелена и розова.

Во секој случај, можностите се огромни, само треба да имате “око” за комбинирање на боите.

Селфи со книги

Да, има и таков тренд. #Shelfies се тренд во светот на социјалните мрежи каде што луѓето објавуваат слики од тоа како се уредени полиците за книги. Тајната е во додавањето на интересен тапет или графит на ѕидот каде што е прикачена полицата за книги, додадете некој интересен украс и наредете ги Вашите омилени книги, се разбира, централно внимание имаат креативните корици на книгите.

Висечки тегли.

Кренете рака ако имате некоја тегла што ја чува Вашата баба или мајка во шпајз или во кујна. Искористете ги тие тегли за да ги чувате Вашите намирници и зачини, прикачете ги да висат на ѕидот во кујната и ќе добиете интересен изглед во Вашата кујна, а намирниците секогаш ќе Ви бидат при рака.