Како што знаете, боењето е еден од најефективните начини да го трансформирате Вашиот дом. Но одбирањето на правата нијанса е само почеток. Без разлика на бојата што ќе ја одберете морате да внимавате финишот да биде совршен за да ја добиете поскуваната нијанса. Мат бојата е една од помодерните и скоро секој дизајнер за внатрешен ентериер ја користи во уредувањето на домовите. Со овие 5 начини ќе можете многу полесно да ја искомбинирате но внимавајте да не претерате 🙂
Нека не Ве предомислува големата раздвиженост
Мат боите можат да ги маскираат сите оние ситни досадни детали и да му дадат посебен шмек на Вашиот простор.
Употребете мат, за да ја истакнете Вашата уметност
Ѕид во мат боја е одлична идеја доколку имате некои уметнички слики кои сакате да ги истакнете.
Пробајте смели, темни бои
Не се плашете да користите темни и смели бои. Тие во комбинација со соодветна нијанса ќе му дадат богата и удобна атмосфера на Вашиот дом.
Експериментирајте со линии
Обидете се со сјајни бели линии против црна мат боја за забавен и храбар изглед.
Обоите ги вратите и декорирајте го ѕидот
Мат темно на Вашите врати спроти светли ѕидови ќе создаде особено впечатлив изглед кој е неочекуван, додека пак шарени ѕидови со бела мат боја искористете за да добиете модерен изглед.