40 метри квадратни кои ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите

Contemporary-40-square-meter-430-square-feet-Apartment-18

Кога сте ограничени со простор, мошне е важно да успеете правилно да ги распоредите парчињата мебел и предметите. Не се лишувајте од омилениот стил, но држете се до правилото „Нека биде минимално“. На овој начин просторот ќе дише со Вашата енергија, а ќе биде лесен за функционирање на дневна база.

Пример за умешност при уредувањето е овој стан од 40 метри квадратни, чии сопственици се одлучиле за основа во индустриски стил која изгледа модерно и удобно, а не строго како вообичаените индустриски дизајни.

Од целиот избор на тонови се издвојува белата кујна, која делува чисто, уредно и лесно за одржување. Повеќето елементи се сокриени зад големите вратички, па така нема простор за неуредност која дополнително би го намалила просторот.

Посебен акцент на целиот дом даваат ѕидот од изложена цигла, како и дрвените вертикални панели во ходникот, создавајќи различни текстури кои делуваат како посебни целини, па така и просториите изгледаат поголемо.

Кога уредувате малечок простор, не заборавајте дека светилките секогаш даваат одличен впечаток. Баш како и во овој дом, секогаш е добра идеја да се одлучите за асиметрични светилки поставени на оние места каде би сакале да постигнете убав акцентски ефект, но и функционалност при секојдневните обврски.

Разгледајте ја галеријата: