Внесете сјај во Вашиот Дом

amazing-dark-grey-living-room-walls-14-concerning-remodel-home-interior-design-ideas-with-dark-grey-living-room-walls

Од елегантни спални соби до беспрекорни бањи, Ви претставуваме неколку совети како правилно да ја искористите белата боја кога станува збор за уредување на домот.

Белата боја никогаш не е здодевна
Беж може да биде здодевна не белата. Белата е многу драматична боја, тоа се докажува одново и одново со свадбите, никогаш не ни е здодевно да ја гледаме.

Белата боја е лесна за одржување
Нема ништо полошо од тоа некој да ја одбере белата боја за уредување и декорирање и притоа да стравува за одржување на просторот. Подобро комбинирајте со светли пастелни бои и така нема да се приметува кога белата нема да биде веќе толку бела 🙂

И белата боја – е боја
Знаевте ли дека има над 200 различни нијанси на бела боја? Ако забележите внимателно ќе ги приметите во ниските тонови на сино, розево и зелено.

Белата може да ја комбинирате со сите бои
Може во собата да имате мебел од бела кожа, а ѕидовите да Ви бидат бојадисани зелено, сино, жолто па дури и црвено или црно.

Тајната е во деталите
Убавината во белата боја е тоа што Ви дава можност да ги менувате деорациите во просторијата. На пример, може да ги смените перничињата на креветот, во лето да украсите со светло сина боја, а во зима да украсите со светло портокалова, без да ја менувате белата боја.