За да го прочитате првиот дел, кликнете тука 🙂
1. Јаже
Исполнувајќи ја 2 во 1 функцијата, јажето влегува во два стила, наутичен/морнарски и рустичен со неговта груба текстура и лесно користење. Јажето е евтино, а можете да го употребите на повеќе начини. Од „направи-сам“ проектите, омилени ни се следниве три:
2. Направете ја сивата Ваша основна боја
Беж и крем – време е да си одите – има нова неутрална нијанса од која не сакаме да се збогуваме 🙂 За сивата веќе доста пишувавме претходно (потсетување тука), од нежни и незабележливи тонови, до длабоки темни нијанси како јаглен, сивата е новиот начин да создадете неутрална основа. Користете комбинација од темни и светли нијанси на сиво и збогатете ги со весели бои како сончево жолта, розева или тиркизна за ултра-модерен изглед.
3. Освежете со цвеќе
Во домот, ништо не ја става црешата на шлагот подобро од свежото цвеќе. На лето, излезете во градината и наберете самите, а во постудените месеци упатете се кон цветниот пазар, поснабдените супермаркети и локалните цвеќарници.
4. Дајте им нова намена на палетите
Дрвените палети се едни од оние ретки корисни елементи кои се ем достапни насекаде – ем бесплатни! А има ли некој против нешто што е бесплатно? Секако дека нема 😉 Одберете еден од многуте начини да ги употребите – од полица за вино и чаши, до гарнитура за седење па и кревет за спиење!
5. Бидете креативни со боја
Под, ѕид, плафон – употребете ја магијата на четката и бојата за да создадете Ваши уметнички дела кои на домот ќе му дадат нов изглед.
6. Направете ги детските соби позабавни
Бидете искрени: и самите би сакале во Вашата соба да има фотелја-нишалка во форма на меурче, или пак некоја Ваша замисла која никогаш не сте си ја оствариле. Имаме решение за вас – сега кога сте возрасни, направете нешто вакво во собата на Вашето дете. Ќе знаете дека ќе му биде забавно, а можеби, ако сте добри мама и тато – ќе Ви дозволува и вие да ја користите неговата соба како место за уживање 😀
Повеќе совети за уредување на детска соба прочитајте тука.
7. Направете ѕид-галерија
Сигурни сме дека во домот имате некое место на кое добро би му дошло малку развеселување. Исто така, големи се шансите дека трошите премногу време на бришење прашина од рамките за вашите омилени слики по полиците и ормарчињата. Добрата вест е што решението не е да се ослободите од рамките и да ги тргнете сликите, туку баш напротив, да им дадете ново место кое ќе го привлекува вниманието на секој кој ќе помине. Врамете ги сликите во рамки за на ѕид, (купете нови или направете сами од предмети кои можат да се закачат на ѕид) додајте други ситници и создадете Ваша мала галерија. Ќе изгледа прекрасно!
8. Линии, риги и геометриски форми
Од наједноставните црно-бели тапети, до цели траки од весели бои – ригите се оној дизајн кој функционира со секој стил и секоја намена. Направете сами со помош на трака за бојадисување и две нијанси од една боја за да создадете забавен и впечатлив ѕид.
9. „Обновете“ го мебелот
Погледнете го овој едноставен начин на секое парче мебел да му дадете убав безвременски изглед.
10. Воодушевете со тапет
Можеби беше застарен и немодерен неколку децении, но тапетот повторно се враќа во употреба. И тоа на голема врата – поразигран и похрабар од кога и да е! Доволно е само еден ѕид, или пак само еден дел од ѕидот за да создадете впечатливо фокусно место во секоја просторија.