10 начини да го направите својот дом совршен за на Pinterest (дел #1)

Ако барем еднаш сте отишле на Pinterest во потрага по инспирација за било што, сигурни сме дека сте останале барем 3 часа сонувајќи за совршените фотографии полни со инспирација. За среќа, имаме добри вести за Вас! Овие денови на блогот, поделени во 3 дела, ќе најдете совети кои ќе го претворат Вашето омилено катче во Pinterest-совршенство! 😉

Tobi-Fairley_Riverside-Penthouse_kitchen.jpg.rend.hgtvcom.966.1208

1. Злато, злато, злато!

Збогувајте се со никелот и бронзата бидејќи доаѓа година на блескавото злато! Од светилки до мебел, оаа топла нијанса го завладеа светот. Дури и неколку ситни елементи – како рачките на мебелот или само неколку аксесоари ќе му дадат на домот тренди изглед.

 

Tobi-Fairley_Riverside-Penthouse_living-room.jpg.rend.hgtvcom.966.725

2. Обојте си го светот

Ако нешто привлекува внимание на Pinterest, тогаш тоа се боите! Годинава дизајнерите освен неутралните нијанси, се вљубија и во електричните бои како сина, жолта, виолетова… Само, запомнете – големо количество од нешто знае да биде и премногу. За да создадете пријатна палета, лимитирајте го изборот на три бои и играјте си со нив!

 

Brooke-Wagner_CdM-Village-Indigo_7.jpg.rend.hgtvcom.966.644

3. Користете одново

Кој вели дека стариот дрвен под треба да заврши во оган? Земете го примерот на дизајнерот Брук Вагнер, кој со помош на старата добра техника „рибина коска“, го искористил ова сребрено сивкасто дрво како ѕидна подлога. Мора да признаете, изгледа одлично!

 

BPF_original_fake-built-in-cabinets_beauty-a_4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

4. Создадете совршени полици

Известување – познатото #селфи, ќе го замениме со #шелфи (shelf – анг. полица)! Да, да, така е, луѓето низ светот се вратија на старата традиција да си ги средуваат полиците и потоа да ги декорираат со врамени слики. Идејата е да се почне од интересна позадина, како тапет, да се наредат книгите и предметите како што највеќе Ви се допаѓа, а не заборавајте да додадете и боја.

 

uo2015_deck-exterior-antique-sign-sofa-pillows-red-white-blue_v.jpg.rend.hgtvcom.966.1449

5. Говорете со знаци

Без разлика дали е некоја копија или вистински антиквитет, знаците даваат интересен апдејт и карактер на секое катче, па дури и ако сте ги изработиле самите.

 

RX-HGMAG011_Quimby-Kitchen-144-a-4x3.jpg.rend.hgtvcom.966.725

6. Однесете ги обичните тегли на ново ниво

Можеби ги имате на дофат оние интересни тегли кои американците ги викаат mason jars, но доколку не, и обичните тегли за зимница ќе завршат работа! Ова се дефинитивно најдобрите решенија за складирање, особено затоа што, за разлика од картонот, не пропуштаат влага и за разлика од пластиката и фолиите – не се штетни за здравјето. За инстант стилски изглед но и заштеда на место, закачете ги капаците под некој од кујнските елементи и само одвртете ја теглата кога ќе ви треба нешто. Практично, нели?

 

BP_HFXUP103H_70s-Redress_dining-area-detail-113143-278651_h.jpg.rend.hgtvcom.966.725

7. Таблата за која зборуваме постојано 😀 

Веќе Ве научивме како ваква боја за површини да направите и сами (тука). Ова е несомнено еден од трендовите кој ќе се задржи подолго време, а не е ни чудо, затоа што е одличен!

 

original_Camille-Smith-fabric-tray-living-room-vert-tight.jpg.jpg.rend.hgtvcom.966.1288

8. Средете го нередот со послужавник

Овие предмети се навистина многу корисни – не само за послужување, туку и за претворање на нередот во фокално стилско место. Купете декоративен послужавник или самите направете го, и искористете го на масичката за кафе, во бањата или кујната!

 

Chango-and-Co_Park-Slope-Brownstone_9.jpg.rend.hgtvcom.966.1449

9. Разубавете го тоалетот

Оваа најмалечка просторија во домот е обично она што сите гости ќе го видат. Дајте му на ова место посебен печат со Picture-perfect преобразба. Комбинирајте графички тапет со метални предмети за да создадете ефект на кутија за накит.

 

Cortney-Bishop-Design_The-Flats-at-Mixson_4.jpg.rend.hgtvcom.966.644

10. Ретро е секогаш ин!

Без оглед на тоа дали го преферирате гламурот на стариот Холивуд, или пак повеќе Ви се допаѓаат mid-century модерните елементи, слободно комбинирајте ги стиловите кои ви се допаѓаат за да создадете совршенство!

 

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!