Зошто користиме само подови од природно дрво?

Кога се работи за материјали, квалитетот за нас не е избор, туку стандард од кој не отстапуваме при изградбата. Притоа, важно ни е да обрнеме внимание на секој детаљ, па затоа, ќе почнеме од онаа површина која е најподложна на оштетување – подот.

Поради честотата на користење, подот во домот е една од првите работи на кои помислувате кога е време за освежување. На пазарот се нудат многу опции, од пластика, линолеум, бетон, плута… Листата е бесконечна и првично зависи од Вашиот џеб и вкус, но кога се работи за квалитет, лесно одржување, изглед и топлина – дрвото е незаменливо!

Golden Art и Boen – за совршен дом!

Во домовите кои ги градиме избравме дабов под од норвешкиот производител Boen, компанија со долгогодишна традиција чиишто производи се извезуваат во над 50 земји ширум светот. Овие подови совршено се вклопуваат во нашиот систем за градба, најмногу поради нивната безбедност за здравјето, бидејќи тоа е најважното за сите нас. Следува квалитетот и трајноста, бидејќи, за разлика од мебелот, подот не би требало да го менуваме баш толку често. Уште една предност на дабовиот под е приспособливоста, дрвото може да се обработува и лакира според Вашиот вкус.

Да не заборавиме, бидејќи естетскиот изглед е навистина важен, дрвото изгледа одлично со секој стил на ентериер! Скандинавски, индустриски, рустичен, минималистички, а се вклопува дури и во еклектика (во еклектика сè се вклопува, но тоа сега не е тема на разговор 😀 ).

Начин на одржување

Бидете фини со Вашиот дрвен под, и ќе Ве служи цел живот! Дрвото е природен хигроскопен материјал кој се прилагодува на средината во која е поставен – температурата и, пред сè, влагата. Вообичаено, во домовите преовладува температура од 19°C до 28°C и релативна влажност меѓу 30% и 65%. Според производителот, трослојниот дабов под кој е поставен во Вашите идни домови е идеален за овие услови.

Други совети за одржување на подот се:

  • Запрете ја нечистотијата уште на влезот: на овој начин не само што ќе го заштитите семејството од микроорганизми, туку и подот ќе остане чист и заштитен. Исто така, не влегувајте дома со чевли. Знаеме дека во последно време тоа некако стана тренд, меѓутоа, освен што не е хигиенски, калта и песокот кои се внесуваат со чевлите, дејствуваат како шмиргла.
  • Избегнете гребење и стругање: во секоја поснабдена продавница можете да набавите лепенки кои се поставуваат на мебелот и овожможуваат лесно лизгање по подот, без гребнатинки.
  • Чувајте го подот чист: избегнувајте користење премногу течност – не е потребна, а може и да го оштети дрвото. Се препорачува редовно чистење со правосмукалка, истурените течности пребришете ги веднаш со цел да избегнете апсорбирање во подот. Користете средство за чистење наменето за дрво.

За крај, погледнете го најновото од нашата понуда – објектот во Кисела Вода. За сите дополнителни информации, јавете се на 071/075-225-888, нашите агенти за продажба ќе одговорат на сите Ваши прашања!