Заврши кампот Кирил Лазаров

Се затвори овогодинешниот ракоментен камп Кирил Лазаров. Преку 250 деца од цела Европа, меѓу кои и многу надежни и талентирани македонци, учествуваа на кампот и учеа од имиња како Кире Лазаров, Бранко Ангеловски, Данило Брестовац, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски и многу други.

Организаторите се презадоволни од постигнатото, ние како поддржувачи на кампот исто така, и им посакуваме уште поуспешно издание следната година. Секако, ќе продолжиме да ги подрджуваме во понатамошните активности за уште поголем напредок во ракометот и пронаоѓање на нови талентирани момчиња и девојки на чии успеси сите ќе се радуваме во иднина.