Историја


GA 04

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад.
Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.

Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

2005 – инспирирани од семејната традиција и долгогодишното искуство во Македонија и странство, одлучивме да создадеме посебна компанија која сето тоа ќе го усоврши и надогради со нови успеси и достигнувања. И го дадовме името Golden Art, сметајќи дека најдобро ја опишува нашата цел – претворање на градежништвото во уметност употребувајќи само најквалитетни и најиздржливи материјали, по најсовремени стандарди.

2007 – Благодарение на високиот квалитет во работењето и сигурноста за навремено извршување на обврските, почнавме со работа на проекти и во Црна Гора. Со само 15 вработени, овој период за нас постави предизвик за реализирање најразлични типови на објекти, од туристички комплекси, до современи бизнис центри, работејќи со клиенти од целиот свет.

2010 – Од почетен план до завршна изведба, па дури и ентериерно модифицирање и уредување, горди сме што за само три години, зад нас останаа над 20 реализирани проекти долж црногорското крајбрежје.

Црпејќи искуство од работата на странските пазари, се решивме да ја поведеме иницијативата за основање на Градежна комора на Македонија заедно со уште неколку компании. Поаѓајќи од позицијата на сериозна и одговорна компанија, предложивме и воведување на лиценци за работа на македонските фирми, како гарант за успешно и квалитетно завршување на градежните работи од сите субјекти.

Желбата за повторно фокусирање на домашниот пазар беше причина да инвестираме во купување на сопствена градежна механизација и возен парк.

2012 – Имајќи ја во предвид важноста на домот како основен дел од животот и иднината на секое семејство, го инициравме проектот за сопствена инвестиција во станбено – деловни објекти. Првиот објект од ваков тип е станбено – деловниот објект Golden Art во скопската населба Стар Аеродром.

2014 – По успешното комплетирањето на објектот Golden Art и задоволството на купувачите, приказната продолжи во втор објект во населбата Аеродром, повторно со најсовремените стандарди и најголема енергетска ефикасност.

2015 – Вториот објект е комплетно завршен, и претставува наша гордост за јубилејните 10 години работа. По над 40 реализирани проекти, продолжуваме со уште поголема мотивација да ги исполниме и надминеме вашите очекувања и да му го овозможиме на македонското семејство квалитетот на живеење кој го заслужува. Вашата среќна приказна во домовите креирани од Golden Art е награда за нас!