Вашиот совршено испланиран дом во Кисела Вода – 52м2

stan 52

Објектот во Кисела Вода периодов е во центарот на вниманието, па денес Ви прикажуваме дел од она што може да го очекувате во понудата на станови. Целосниот каталог погледнете го тукаа во меѓувреме погледнете ги овие совршено распоредени 52 метри квадратни.

Како бонус, за денес Ви подготвивме и идеја за уредување која можете комплетно да ја ископирате и да го претворите својот дом во модерно катче.

Искористете ја комплетно дневната светлина и визуелно проширете го просторот со користење на белата боја како основа, нека биде насекаде: ѕидот, масата, килимот, бањата, декоративните украси, столиците. Дрвената кујна нека ја прати бојата на дрвениот под. Ова ќе ја претвори во фокусна точка на домот која отскокнува од белината, а му дава скандинавски изглед на просторот.

Не ја заборавајте ни терасата, секогаш е убава за опуштање кога надвор е сончево. За крај – додадете неколку уникатни декоративни елементи и веќе сте ја постигнале целта! 🙂

Да не заборавиме, со Golden Art во овие 52 метри квадратни добивате и уште една спална соба, за пријателите кои доаѓаат на гости, за библиотека и соба за учење, па дури и за новиот мини-член на семејството! 😉