Уште една успешна работилница во нашиот едукативен центар

IMG_4542

Во саботата, 21.05.2016 во нашиот едукативен центар се одржа уште една информативна работилница. Посакавме добредојде на уште една група учесници кои со помош на интерактивните предавања од претставници на Golden Art и партнерите се информираа за нашите објекти и дознаа повеќе за енергетски ефикасното живеење. Компанијата Rehau нè запозна со типот на прозорците кои ги користиме, а исто така на доста интересен начин ни покажаа зошто водоводните цевки кои ги вргадуваме нема никогаш да ги поправате. Претставниците на Knauf, светски познатата македонска компанија, на практичен и информативен начин ги претставија своите материјали кои се дел од сите Golden Art објекти, а разговаравме и за фасадата, хидроизолацијата, звучната изолација како и намалувањето на сметките во домаќинството.

За крај, бидејќи ниеден десерт не е комплетен без цреша на шлагот ( 😀 ), Д-р. Петар Николовски, дипл.инж. арх. ни ги претстави мерењата кои детално објаснуваат како секој од овие елементи придонесува за еден совршен дом кој како бонус на одличната локација, распоредот и биолошката безбедност на сите материјали, нуди и енергетска ефикасност која го штити домашниот буџет.

Ни претставува огромно задоволство што ја имавме честа да се запознаеме со учесниците. Ќе продолжиме и понатаму на овој начин да се трудиме да Ви го олесниме секојдневното живеење со корисни информации и совети. 🙂